Кралство Романија
Кралство Романија (романски: Regatul României) ― државното уредување на Романија во периодот 1881-1947. Уредувањето било уставна монархија која постоело од 13 март (стар стил) / 25 март 1881 година со крунисувањето на принцот Карол од Хоенцолерн-Зигмаринген како крал Карол I (со тоа започнало романското кралско семејство ), до 1947 година со абдикација на кралот Михај I и прогласувањето на Романската Народна Република од страна на романското собрание. Од 1859 до 1877 година, Романија еволуирала од личен сојуз на две кнежества: (Молдавија и Влашка) наречена обединување на Молдавија и Влашка, исто така позната како „Малиот сојуз“ под еден кнез до автономно кнежевство со монархија под Хоенцолерн. Земјата ја стекнала својата независност од Отоманската Империја за време на Руско-турската војна од 1877-1878 година (месно позната како Романска војна за независност), по што била принудена да го отстапи јужниот дел на Бесарабија во замена за Северна Добруџа. Територијата на кралството за време на владеењето на кралот Карол I, помеѓу 13 (стар стил) / 25 март 1881 година и 27 септември (стар стил) / 10 октомври 1914 година понекогаш е нарекувано Романско Старо Кралство, за да се разликува од „Голема Романија“, што ги вклучуваше покраините кои станале дел од државата по Првата светска војна (Бесарабија, Банат, Буковина и Трансилванија). Со исклучок на јужните делови на Буковина и Трансилванија, овие територии биле отстапени на соседните земји во 1940 година, под притисок на Германија или на Советскиот Сојуз. По укинувањето на уставот од 1923 година од страна на кралот Карол II во 1938 година, Кралството Романија станала апсолутна монархија, само за да стане воена диктатура под Јон Антонеску во 1940 година по присилната абдикација на кралот Карол II, со неговиот наследник, кралот Михај I да се биде фигура без ефективна политичка моќ. Името на земјата било променето во Легионерска Романија. Обединување и монархија
Искачувањето на Александру Јоан Куза во 1859 година, како кнез на Молдавија и Влашка под номиналната[7][8] власт на Отоманската Империја обединила препознатлива романска држава под единствен владетел. На 24 јануари (стар стил) / 5 февруари 1862 година, двете кнежевства биле формално обединети за да го образуваат Кнежеството Романија, со Букурешт како главен град. На 11 (стар стил) / 23 февруари 1866 година, таканаречената „монструозна коалиција“, составена од конзервативци и радикални либерали, го принудило Куза да абдицира. Германскиот принц Карл од Хоенцолерн-Зигмаринген бил назначен за кнез на Романија, со цел да се обезбеди германската поддршка за единството и идната независност. Тој веднаш го усвоил романскиот правопис на неговото име Карол, а неговите сродни потомци ќе владеат со Романија до соборувањето на монархијата во 1947 година. По Руско-турската војна од 1877-1878 година, Романија била призната како независна држава со Берлинскиот договор од 1878 година и ја добила Добруџа, иако била принудена да ја предаде јужна Бесарабија (Буџак) на Русија. На 15 март 1881 година, како потврда за целосен суверенитет, романското собрание ја подигнала државата до статус на кралство, а Карол бил крунисан за крал на 10 мај. ![]() Новата држава, стисната помеѓу Отоманската, Австроунгарската и Руската Империја, со словенско население на нејзините југозападни, јужни и североисточни граници, Црното Море на исток и унгарските соседи на нејзините западни и северозападни граници, гледала кон Запад., особено Франција, поради нејзините културни, образовни и административни модели.[9][10] Воздржувајќи се од Почетната балканска војна против Отоманската Империја, Кралството Романија влегло во Втората балканска војна во јуни 1913 година против Царството Бугарија. 330.000 романски војници биле префрлени преку Дунав и во Бугарија. Една војска ја зазело Јужна Добруџа, а друга била преселена во северна Бугарија за да и се закани на Софија, помагајќи да се стави крај на војната. Така Романија ја доби етнички мешаната територија Јужна Добруџа, која ја посакувала со години. Во 1916 година Романија влегла во Првата светска војна на страната на Антантата. Романија се вклучи во судир против Бугарија, но како резултат на тоа бугарските сили, по низа успешни битки, ја вратиле Добруџа, која претходно била отстапена од Бугарија со договорот од Букурешт и Берлинскиот конгрес. Иако романските сили не поминале добро на воен план, до крајот на војната австриската и руската империја ги немало; разни собранија прогласени за претставнички тела во Трансилванија, Бесарабија и Буковина одлучувале за соединување со Романија. Во 1919 година со Договорот од Сен Жермен и во 1920 година со Договорот од Трианон, повеќето од териториите кои биле барани, и биле доделени на Романија. Старо Кралство (1881–1918)Романското Старо Кралство (романски: Vechiul Regat (Векиул Регат) или само Regat; германски: Regat или Altreich (Алтрајх)) е разговоричен поим што се однесува на територијата опфатена од првата независна романска национална држава, која била составена од Дунавските кнежевства - Влашка и Молдавија. Тоа беше постигнато кога, под покровителство на Договорот од Париз (1856), привремените дивани на двете земји – кои во тоа време биле под османлиско сузеренство – гласале за Александру Јоан Куза за свој кнез, со што било постигнало де факто обединување. Самиот регион е дефиниран од резултатот на тој политички чин, проследен со вклучувањето на Северна Добруџа во 1878 година, прогласувањето на Кралството Романија во 1881 година и припојувањети на Јужна Добруџа во 1913 година. Поимот стапил во употреба по Првата светска војна, кога Старото Кралство е различно од Голема Романија, која ги вклучувала Трансилванија, Банат, Бесарабија и Буковина. Во денешно време, поимот е главно од историска важност, а инаку е користен како заеднички поим за сите региони во Романија вклучени и во Старото Кралство и во денешните граници (имено: Влашка, Молдавија и Северна Добруџа). Прва светска војнаРоманија го одложила влегувањето во Првата светска војна, но на крајот објавила војна на Централните сили во 1916 година. Романската воена кампања завршила во ќор-сокак кога Централните сили брзо ја задушиле романската офанзива во Трансилванија и ги зазеле Влашка и Добруџа, вклучувајќи ги Букурешт и стратешки важните нафтени полиња, до крајот на 1916 година. Во 1917 година, и покрај жестокиот романски отпор, особено во битката кај Марашешти, поради повлекувањето на Русија од војната по Октомвриската револуција, Романија, која била речиси целосно опкружена од Централните сили, била принудена исто така да се откаже од војната, потпишувајќи го Примирјето од Фокшани и следната година, во мај 1918 година, Букурешкиот договор. Но, по успешната офанзива на Македонскиот фронт, која ја извадил Бугарија од војната, романската влада брзо ја вратила контролата и ја вратила војската на терен на 10 ноември 1918 година, еден ден пред да заврши војната во Западна Европа. По прогласувањето на обединувањето на Трансилванија со Кралството Романија на 1 декември 1918 година од страна на претставниците на трансилванските Романци собрани во Алба Јулија, Трансилванија набрзо била обединета со Кралството, како и Бесарабија порано во 1918 година, бидејќи вакуумот на власта во Русија предизвикал со граѓанската војна таму му дозволи на Земскиот совет (Sfatul Țării), или Националниот совет, да ја прогласи обединувањето на Бесарабија со Романија. Војната со Унгарската Советска Република во 1919 година резултирала со окупација на Будимпешта од страна на романските трупи и крај на болшевичкиот режим на Бела Кун. Голема РоманијаУнија со Бесарабија, Буковина и ТрансилванијаНа Париската мировна конференција, Романија ги добила териториите на Трансилванија, дел од Банат и други територии од Унгарија, како и Бесарабија (Источна Молдавија помеѓу реките Прут и Днестар) и Буковина. Во Договорот од Тријанон, Унгарија се откажала во корист на Романија од сите претензии на Австроунгарија над Трансилванија.[11] Обединувањето на Романија со Буковина било ратификувано во 1919 година со Договорот од Сен Жермен,[12] а во 1920 година некои од западните сили ја признале романската власт над Бесарабија со Парискиот договор од 1920 година.[13] Така, Романија во 1920 година било повеќе од двојно поголема од онаа во 1914 година. Последната територијална промена во овој период била сторена во 1923 година, кога биле разменети неколку гранични населби меѓу Романија и Кралството на Србите, Хрватите и Словенците. Најзабележително романско стекнување беше градот Жимболија/Жомбољ, додека најзабележително југословенско стекнување било гратчето Јаша Томиќ.[14][15] Романија не поднела дополнителни територијални претензии; сепак, проширувањето на кралството предизвика непријателство од неколку негови соседи, вклучувајќи ги Бугарија, Советскиот Сојуз и особено Унгарија.[б 1] Голема Романија сега опфаќала значително малцинско население, особено Унгарци, и се соочи со тешкотијата на асимилација. Трансилванија имала значително унгарско и германско население кои биле навикнати да бидат структура на моќ; со историски презир[се бара извор] однос кон Романците, тие сега се плашеле од одмазда. Двете групи биле ефективно исклучени од политиката бидејќи повоениот режим донесе указ во кој се наведува дека целиот работен кадар вработен во државата морал да зборува романски. Новата држава била исто така високо централизирана, така што било малку веројатно дека унгарското или германското малцинство ќе имаат политичко влијание без лични врски во владата во Букурешт. И покрај овие политики, романската влада им дозволи на Германците и на Унгарците слободата да имаат посебни училишта, публикации и судски сослушувања на нивните соодветни јазици.[се бара извор] Овие права не биле проширени на другите малцинства, особено на Евреите.[се бара извор] ![]() Меѓувоени годиниРоманскиот израз România Mare (буквален превод „Голема Романија“) генерално се однесува на романската држава во меѓувоениот период, и по проширување, на територијата што ја покрива Романија во тоа време. Романија во тоа време го постигнала својот најголем територијален опсег (скоро 300,000 км2[18]). На пописот од 1930 година, во Романија имало над 18 милиони жители. Добиената „Голема Романија“ не ја преживеала Втората светска војна. До 1938 година, владите на Романија го задржале обликот, ако не и секогаш суштината, на либерална уставна монархија. Националлибералната партија, доминантна во годините веднаш по Првата светска војна, станувала сè поклиентелистичка и националистичка, а во 1927 година била заменета на власт од Националната селанска партија. Помеѓу 1930 и 1940 година имало над 25 одделни влади; во неколку наврати во последните неколку години пред Втората светска војна, ривалството меѓу фашистичката Железна гарда и другите политички групи се приближувало до ниво на граѓанска војна.[се бара извор] По смртта на кралот Фердинанд во 1927 година, неговиот син, принцот Карол, бил спречен да го наследи поради претходните брачни скандали што резултирале со негово откажување од правата на престолот. Откако живеел три години во прогонство, со неговиот брат Николае како регент и неговиот млад син Михај како крал, Карол се предомислил и со поддршка на владејачката Национална селанска партија се вратил и се прогласил за крал. Јулиу Маниу, водач на Националната селанска партија, го смислил враќањето на Карол врз основа на ветувањето дека ќе ја напушти својата љубовница Магда Лупеску, а самата Лупеску се согласила на аранжманот. Сепак, станало јасно на првата повторна средба на Карол со неговата поранешна сопруга Елена, дека тој нема интерес за помирување со неа, и Карол набрзо договорил Магда Лупеску да се врати на негова страна. Нејзината непопуларност била „последната капка“ околу вратот на Карол до крајот на неговото владеење, особено затоа што нашироко била сметана за негов најблизок советник и доверлива личност. Маниу и неговата Национална селска партија ги споделувале истите општи политички цели како и Железната гарда: и обете се бореле против корупцијата и диктаторската политика на кралот Карол II и Националлибералната партија.[19] Светската голема депресија која започнала во 1929 година, а била присутна и во Романија, ја дестабилизирала земјата. Раните 1930-ти биле обележани со општествени немири, висока невработеност и штрајкови. Во неколку случаи, романската влада насилно ги потиснувала штрајковите и немирите, особено штрајкот на рударите во Жиуската Долина во 1929 година и штрајкот во железничките работилници во Гривица. Во средината на 1930-тите, романската економија закрепнала и индустријата значително пораснала, иако околу 80% од Романците сè уште биле вработени во земјоделството. Француското економско и политичко влијание било доминантно во раните 1920-ти, но потоа Германија станала подоминантна, особено во 1930-тите.[20] ![]() Како што напредувале 1930-тите, и онака разнишаната демократија во Романија полека се влошувала кон фашистичка диктатура. Уставот од 1923 година му дал слобода на кралот да го распушти собранието и да распише избори по своја волја; како резултат на тоа, Романија имала над 25 влади во една деценија. Сè повеќе, во овие влади доминираа голем број антисемитски, ултранационалистички и главно барем квазифашистички партии. Национал-либералната партија постојано станувала повеќе националистичка отколку либерална, но сепак ја изгуби својата доминација над романската политика. Била засенета од партии како (релативно умерената) Национална селанска партија и нејзиниот порадикален огранок на Романскиот фронт, Националнохристијанскиот одбранбен сојуз (НХОС) и Железната гарда. Во 1935 година, НХОС се споил со Националната аграрна партија за да ја создаде Националната христијанска партија (НХП). Квазимистичната фашистичка Железна гарда била претходен огранок на НХОС, кој, дури и повеќе од овие други партии, ги искористила националистичките чувства, стравот од комунизмот и незадоволството од наводната странска и еврејска доминација во економијата. Веќе Железната гарда ја прифатила политиката на вршење атентати, а различни влади реагирале повеќе или помалку исто. На 10 декември 1933 година, либералниот премиер Јон Дука ја „распуштил“ Железната гарда, апсејќи илјадници; последователно, 19 дена подоцна бил убиен од легионери од Железната гарда. Во текот на 1930-тите, овие националистички партии имале меѓусебна недоверба со кралот Керол II. Сепак, во декември 1937 година, кралот го назначил водачот на НХОС, поетот Октавијан Гога, за премиер на првата фашистичка влада на Романија. Во тоа време, Карол се сретнал со Адолф Хитлер, кој ја изразил својата желба да види романска влада предводена од пронацистичката Железна гарда. Наместо тоа, на 10 февруари 1938 година, кралот Карол II ја искористил приликата за јавна навреда од Гога кон Лупеску како причина да ја разреши владата и да воспостави краткотрајна кралска диктатура, санкционирана 17 дена подоцна со нов устав според кој кралот лично именувал не само премиерот туку и сите министри. Во април 1938 година, кралот Карол го натерал водачот на Железната гарда, Корнелиу Зелеа Кодреану (познат како „Капетан“) да биде уапсен и затворен. Ноќта помеѓу 29 и 30 ноември 1938 година, Кодреану и неколку други легионери биле убиени додека наводно се обидувале да побегнат од затвор. Општо е прифатено дека немало таков обид за бегство, туку дека биле убиени како одмазда за низата атентати од страна на командоси на Железната гарда. Кралската диктатура била кратка. На 7 март 1939 година, била составена нова влада со Арманд Калинеску како премиер; на 21 септември 1939 година, три недели по почетокот на Втората светска војна, Калинеску, пак, бил убиен од легионери кои се одмаздувале за убиството на Кодреану. Во 1939 година, Германија и Советскиот Сојуз го потпишале Пактот Молотов-Рибентроп, кој, меѓу другото, го пропишува советскиот „интерес“ за Бесарабија. По територијалните загуби во 1940 година и сè понепопуларната, Карол бил принуден да абдицира и да го именува генералот Јон Антонеску за нов премиер со целосни овластувања да управува со државата со кралски декрет.[21] Втора светска војнаПовоено Кралство (1945–1947)ЕкономијаОд прогласување на Кралството до Првата светска војнаВо времето на прогласувањето на Кралството, веќе постоеле неколку индустриски капацитети во земјата: парните мелници во Асан и Оламазу, изградени во 1853 и 1862 година соодветно, фабрика за тули изградена во 1865 година и две фабрики за шеќер изградени во 1873 година, меѓу други. Во 1857 година, првата рафинерија за нафта во светот била изградена во Плоешти.[22] Во 1880 година, откако биле изградени неколку железници, бил основан Романски железници (Căile Ferate Române). По прогласувањето на Кралството, однапред воспоставените индустриски капацитети почнале да бидат високо развиени: биле изградени уште 6, поголеми, фабрики за шеќер и повеќе била проширена железничката мрежа. Друга, посовремена фабрика за тули била изградена во 1891 година.[23] ЗемјоделствоИ покрај сите овие индустриски достигнувања, огромното мнозинство од економијата на Романија останало земјоделско.[23] Во 1919 година, неверојатни 72% од Романците се занимавале со земјоделство. Романското селанство било меѓу најсиромашните во регионот, ситуација што бил влошена од една од највисоките стапки на наталитет во Европа. Земјоделството било примитивно, а машините и хемиските ѓубрива речиси немало. Старата (предвоена) Романија традиционално била земја на големи имоти кои ги работеле селаните кои или имале малку или немаат своја земја. Ситуацијата во Трансилванија и Бесарабија била маргинално подобра. Откако повиците на селаните за земјишна реформа паднале во лавина, кралот Фердинанд морал да се обврзе, особено штом Руската револуција ги охрабрила селаните да ја преземат работата во свои раце. Земјината реформа донесена во 1921 година сепак постигнала малку. Големите земјопоседници сè уште контролирале до 30% од земјиштето во Романија, вклучувајќи ги и шумите од кои селаните зависеле за гориво. Прераспределените парцели биле секогаш премали за да ги нахранат нивните сопственици и повеќето селани не можеле да ја надминат својата традиција на одгледување жито над готовинските култури. Ништо не било направено за да бидат отстранети основните проблеми како што се пренаселеноста во руралните средини и технолошката заостанатост. Влечните животни биле ретки, уште помалку машините, тековното производство било полошо од порано. Романското земјоделство се мачело на меѓународниот пазар, и со почетокот на Големата депресија, целосно пропаднал. Проширување и растБДП на Романија во 1913 година според девизниот курс од 1990 година изнесувало 11,7 долари милијарди долари.[24] Сепак, доларот од 1990 година бил 9,27 пати послаб од доларот од 1938 година.[25] Така, романскиот БДП во 1913 година според девизниот курс од 1938 година изнесувал 1,262 долари милијарди долари. Романскиот БДП од 1938 година изнесувал 387.204 милијарди леи, со БДП по глава на жител од 20.487 леи при проценето население од 18,9 милиони.[5] Просечниот девизен курс од 1938 година бил 1 леу за 0,00732 долар.[26] Така, романскиот БДП во 1938 година изнесувал 2.834 милијарди долари. Јавниот долг на Романија на 1 април 1938 година изнесувал 112.267.290.144 леи, од кои 78.398.078.964 леи се состоеле од надворешен долг.[27] Така, вкупниот јавен долг изнесувал 29% од БДП на Романија во 1938 година, додека јавниот надворешен долг изнесувал нешто повеќе од 20%. Индустриски развојИ покрај уништувањето предизвикано од Првата светска војна, романската индустрија постигнал значителен раст, како резултат на новите претпријатија и развојот на постарите. Друштвото за индустриско инженерство и производство MALAXA било основано во 1921 година од романскиот индустријалец Николае Малакса и особено се занимавало со одржување и производство на возен парк. Се развило брзо, и до 1930 година Романија успеала целосно да престане да увезува локомотиви, а целиот потребен возен парк го снабдуваше месната индустрија.[28] Индустриските капацитети стекнати заедно со новите покраини, како што е фабриката Решица, исто така придонесле за брзиот развој на романската тешка индустрија. Други значајни претпријатија биле работилниците Copşa Mică, за производство на обоени метали и романското оптичко претпријатие. Градежништвото исто така се развило, бидејќи биле подигнати големи споменици како Карајманскиот крст (1928), Триумфот (1936) и Мавзолејот во Марашешти (1938). Нафтената индустрија исто така била значително проширена, правејќи ја Романија еден од најголемите извозници на нафта до крајот на 1930-тите, што исто така привлекло германски и италијански интерес. Во 1938 година, Романија произвела 6,6 милиони тони сурова нафта, 284.000 тони суров челик, 133.000 тони сурово железо, 510.000 тони цемент и 289.000 тони валани челик.[29] Индустрија за вооружувањеРоманската воена индустрија за време на Првата светска војна главно била насочена на претворање на разни утврдувачки топови во теренска и противвоздушна артилерија. До 334 германски Fahrpanzer топови со 53 мм, 93 француски топови Hotchkiss со 57 мм, 66 топови Krupp со 150 мм и уште десетици топови од 210 мм биле поставени на вагони од романска конструкција и преобразени во подвижна теренска артилерија, со 45 топови Круп со 75 мм и 132 топови Hotchkiss со 57 мм биле преобразени во противвоздушна артилерија. Романците исто така надградиле 120 германски хаубици Krupp со 105 мм, резултатот бил најефективната теренска хаубица во тоа време во Европа. Романија дури успеала да дизајнира и изгради од нула сопствен модел на хаубица, Негреј Модел 1916 со 250 мм.[30] Други романски технолошки средства ја вклучуваат зградата на Влајку III, првиот авион во светот направен од метал.[31] Романската морнарица ги поседувала најголемите воени бродови на Дунав. Тие биле класа од 4 речни патролери, изградени месно во бродоградилиштето Галаци користејќи делови произведени во Австроунгарија, а првиот лансиран бил Ласкар Катарџиу, во 1907 година.[32][33] Романските набљудувачи испукале речиси 700 тони, биле вооружени со три поморски топови со 120 мм во 3 одбранбени, две поморски хаубици со 120 мм, четири противвоздушни топови со 47 мм и два митралеза со 6,5.[34] Патролерите учествувале во Битката кај Туртукаја и во Првата битка кај Кобадин. Романскиот дизајн на хаубица Schneider модел 1912 со 150 мм, бил сметан за еден од најсовремените теренски топови на Западниот фронт.[35] ![]() ![]() Романската индустрија за вооружување била многу проширена за време на меѓувоениот период и Втората светска војна. Биле изградени нови фабрики, како што се фабриките за авиони Industria Aeronautică Română и Societatea Pentru Exploatări Tehnice, кои произведувале стотици домашни авиони, како што се IAR 37, IAR 80 и SET 7. Пред војната, Романија ја добила од Франција, лиценцата за производство на стотици минофрлачи Brandt Mle 27/31 и Brandt Mle 1935, со стотици други произведени за време на војната,[36] и лиценца за производство на 140 француски противтенковски топови Шнајдер со 47 мм во фабриката Конкордија, со 118 произведени помеѓу 26 мај 1939 и 1 август 1940 година и стотици други произведени за време на војната;[36][37] овие топови требало да бидат влечени од оклопните носачи Malaxa Tip UE, изградени од крајот на 1939 година во фабриката Малакса под француска лиценца, а на крајот 126 биле изградени до март 1941 година. Чехословачката лиценца била добиена во 1938 година за производство на митралезите ZB vz. 30, од кои 5.000 биле изградени во фабриката за пушки во Кугир до почетокот на Операцијата Барбароса во јуни 1941 година.[36] Романија, исто така, ја добила лиценцата за производство на малиот тенк R-1, но на крајот само еден прототип бил изграден месно.[38] Германската лиценца била добиена во 1938 година за производство на 360 противвоздушни пушки Рајнметал со 37 мм, но само 102 биле произведени до мај 1941 година.[36] Британската лиценца била стекната за производство на 100 противвоздушни топови Vickers Model 1931 со 75 мм на работилницата Решица, при што првата батерија од 6 пиштоли стапила во употреба на 1 август 1939 година, а за време на војната биле изградени уште 100 топови за вкупно производство од 200 единици.[36] На 14-ти јуни, Романија го лансирала првиот домашно изграден воен брод, минскиот поставувач НМС Амирал Мургеску. За време на војната, Романија копирала и произвела стотици советски минофрлачи М1938,[36] како и дизајнирала и произвела до 400 противтенковски топови Reșița Model 1943 од 75 мм. Пешадиското оружје дизајнирано и произведено од Романија за време на војната го вклучува митралезот Orița M1941 и пламенофрлачот Аргеш. Романија изградила и 30 Vănătorul de care R-35,[39] 34 TACAM T-60, 21 TACAM R-2 уништувач на тенкови и повторно изградила 34 заробени советски оклопни трактори Комсомолец.[36] Биле изградени и неколку прототипови на возила, како што е уништувачот на тенкови Марешал, кој е заслужен како вдахновение за германскиот Хецер,[39] тенкот Рено Р-35 со бедем Т-26[39] и познат артилериски трактор. како Т-1. Изградените воени бродови ги вклучуваат подморниците НМС Речинул и НМС Марсуинул, класа од 4 миночистачи, 6 холандски бродови со торпедо[40] и 2 бродови со топови.[41] Демографија![]() Според романскиот попис од 1930 година, Романија имала население од 18.057.028 жители. Романците сочинувале 71,9% од населението, а 28,1% од населението биле етнички малцинства.
Градови![]() Најголемите градови според пописот од 1930 година:
Забелешки: 1 - вклучувајќи 12 приградски заедници. Два од седумте најголеми романски градови во 1930 година моментално се наоѓаат надвор од Романија како резултат на промените на границите од Втората светска војна. Образование![]() Додека романското благородништво имало долга традиција да ги испраќа своите синови во најдобрите европски училишта, образованите инаку биле мало малцинство. Трансилванија имала најобразовано население во Голема Романија, додека Бесарабија поминала најлошо. Иако законски од сите Романци било барано да поминат најмалку четири години школување, во пракса малкумина навистина го поминале тоа и системот бил дизајниран да ги оддели оние кои ќе продолжат со високото образование од оние што не го прават тоа. Иако ова било делумно неопходно поради ограничените ресурси, тоа гарантирало дека селаните немаа речиси никакви шанси да се образуваат.[се бара извор] Гимназиското и високо образование во Романија биле моделирани по францускиот систем. Студентите преземале ригидна наставна програма заснована на либералните уметности. Романија страдала од истиот проблем како и остатокот од Источна Европа, а тоа било дека повеќето студенти, кои потекнуваат од аристократско потекло, претпочитаат да учат предмети како што се теологија, филозофија, книжевност и ликовни уметности наместо наука, стопанство и инженерство.[се бара извор] Административна поделбаПо независноста, Романското Старо Кралство било поделено на 33 окрузи. По Првата светска војна, како резултат на законот за административно обединување од 1925 година, територијата била поделена на 71 области, 489 окрузи (plăși) и 8.879 општини (комуни). Во 1938 година, кралот Карол Втори го прогласил новиот Устав, а потоа и ја сменил административната поделба на романската територија. Десет ținuturi (цинутури; приближен превод: „земји“) биле создадени (со спојување на областите) за да бидат управувани од rezidenți regali (резиденци регали; приближен превод: „кралски жители“) - назначени директно од кралот. Оваа административна реформа не траела и обласите биле повторно воспоставени по падот на режимот на Карол. Карти
Времеплов (1859–1940)![]() ![]()
Монарси
Кралеви на Романија (1881-1947)
Кралици-придружнички на Романија
Претенденти на романскиот престолКралски знамиња
Поврзано
Забелешки
Наводи
Дополнителна книжевност
Надворешни врски
44°25′N 26°06′E / 44.417°N 26.100°E
|
Portal di Ensiklopedia Dunia