49-ти новозеландски парламент49-тиот новозеландски парламент (анг. 49th New Zealand Parliament) бил избран на изборите во 2008 г. Парламентот брои 120 пратеници и ќе функционира од 2008, па сѐ до следните избори. Максималниот период на служба (мандат) на еден парламент во Нов Зеланд е 3 години, што значи дека истиот не може да трае подолго од доцните месеци на 2011 г. Нов Зеланд употребува пропорционален изборен систем со мешано членство (MMP) за избирање на членовите на парламентот. 70 членови на 49-тиот парламент се претставници на географски изборни единици: 16 од Јужниот Остров, 47 од Северниот Остров и седум пратенички места резервирани за маорските гласачи. Останатите 50 (или повеќе ако се јави вишок пратеничко место) се избираат од државните партиски списоци за да се реализира пропорционалноста. 48-миот новозеландски парламент има едно вишок место. 49-тиот парламент ќе има нов претседател (наречен „спикер“), бидејќи Маргарет Вилсон нема повторно да се кандидира за таа функција. Изборни резултатиНаведените податоци се провизорни[1] по податок од 01:35, 9 ноември месно време; меѓутоа подробните резултати може да останат недоразјаснети сѐ до последното пребројување.
Изборни пратенициПратеници од партиските СписоциНаводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia