Партија на обединети пензионери и граѓани на Македонија

Партија на обединети пензионери и граѓани на Македонија
ВодачИлија Николовски
ШтабСкопје, Република Македонија
Идеологијазаштита на правата и потребите на пензионерите во Македонија
Собрание
1 / 120
Општини
0 / 80
Мрежно место
www.obedinetipenzioneri.mk
Политика на Република Македонија
Политички партии
Избори

Партија на обединети пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ) — политичка партија во Република Македонија. Партијата е во коалиција со Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Водач на партијата е Илија Николовски. На парламентарните избори во 2020 година, партијата учествувала во коалиција предводена од СДСМ и освоји 1 пратеничко место.

Цели на партијата

Партијата се залага за заштита на правата и потребите на пензионерите во Република Македонија. Цел на дејствување на партијата се егзистенцијалните интереси и потреби на пензионерите, висината и редовноста на нивните пензии, усогласување со примањата на вработените, квалитетот на пензиското осигурување, системот на здравствено осигурување, социјалната заштита, пензионерските домови за сместување, клубовите за дружење и разонода и други прашања.[1]

Наводи

  1. „За Нас | Партија на Обединети пензионери и граѓани на Македонија“. Архивирано од изворникот на 2016-10-28. Посетено на 2017-06-20.

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya