Периша Савелиќ
Периша Савелиќ - Самсон (Мартиниќи, Црна Гора, 12 септември 1920 ― Софија, Бугарија), 19 август 1942[1] ― комунистички деец, Црногорец, учесник во НОВ во Македонија.[2] ЖивотописОсновно образование завршил во родното село, а два класа гимназија во Скопје (татко му бил учител во с. Драчево). Уште како ученик се борел против шовинистичките тенденции на своите професори. Јавно се противставувал против игнорирањето на македонската националност.[1] Не го поднесувал великосрпскиот хегемонизам и против него се борел како свесен член на СКОЈ, во чии редови бил примен рано. Поради своите отворени истапи против режимот и комунистичка активност бил исклучен од гимназијата, па матурирал во Приштина во 1939 година.[1] Во 1939 година извесно време бил интерниран во Билеќа. По враќањето студирал на Филозофскиот факултет во Скопје (1940 година) и бил организационен секретар на МК на КПЈ (1940 година). Развил широка активност и како резултат на тоа во 1940 година биле одржани дури шеснаесет работнички штрајкови и неколку тарифни акции.[2] Втора светска војна![]() По окупацијата на Југославија, иако родителите му предлагале да се врати во родното место, тој решително одговорил:
По Априлската војна (1941) бил секретар на МК и раководител на Воениот штаб на МК на КП во Скопје, при што успешно ги извршил подготовките и го формирал Првиот скопски партизански одред (22 август). На 26 октомври 1941 година е уапсен при блокада на бугарската полиција. Заедно со уште 24 комунисти, на 27 април 1942 година е изведен пред суд во Скопје и на 9 мај е осуден на смрт со бесење. Откако поминува уште три месеци во скопскиот затвор, на 18 август,[3] заедно со Васил Антевски - Дрен, Љубомир Лековиќ и Чедомир Миленковиќ, е префрлен во затворот во Софија, каде е убиен.[4] Наводи
Литература
|
Portal di Ensiklopedia Dunia