Петар Самарџиев
Семејството Самарџиеви и неговата трагедија во с. ПодлесЕдно од повеќето семејства во с. Подлес во 19 век било семејството Самарџиеви. Најстариот член на фамилијата се викал Арсо. Тој имал четири сина: Ѓоро,Ристе,Пано и Нацо. Сите членови на оваа семејна лоза живееле заедно во една голема патријархална задруга. На нејзино чело стоел најстариот член во улога на старешина. Бегот му завидел на плодните изработени ниви, на големото стадо,на чистата и уредена куќа. Сето тоа го посакал да биде негово. На своите вооружени ќеаи, измеќари од муслиманско потекло им заповедал: „Нема да го оставиме на раат чорбаџи Арсо, сите во селото станаа чифчии, а тој е сè уште рајатин. Сè што има да го разграбиме.“ Тогаш Пешо, идниот тиквешки војвода и неуморен борец, имал неполни осум години. Роден е 1877 г. Во село Подлес. Мајка му ја викале Марија. Таа е родена во село Фариш. Се омажила во Подлес во Самарџиевите. Пешо и е единствено дете од првиот брак. Таа била средновисока жена, тиха и добра. Се одликувала со скромност и добро срце. Во текот на својот долгогодишен живот многу страдала и многу нешто видела. Најпрво и го убиле домаќинот а потоа и син и Пешо којшто бил убиен од страна на врховистите. Во почетокот Пешо растел со своите родители и повеќебројните братучеди. Првите години пред да замине на училиште, ги поминувал со детска игра. Им помагал на своите родители така што доставувал храна на животните и полнел вода од селската чешма или од полските кладенци. Напредувал физички и умствено. Кога имал слободно време, со своите врсници си играл по полјанките, ливадите и крај реката. Но тој безгрижен детски живот понесен од бујната мечта на душата, не ќе трае долго време. Уште во најраните години од неговиот живот ќе го почувствува турското ропство. Кога сè уште не бил подготвен да се спротивстави на злото, кога не можел да ги разликува сите појави, се случила најголемата трагедија во семејството Самарџиеви, која му ги затемнила чистите видици, му ги прекратила детските игри, му секнала громната смеа и го направил озбилен, смел и одаден борец против тиранијата. Многу рано го загубил својот родител. Како се случила трагедијата во с. Подлес? -Турските насилници го фатиле Пано (Татко на Пешо), го затвориле во велешките зандани, обвинет дека се бунтувал против царштината. Останал некое време заточен. Еден ден на чешмата, кога ја миел својата порција, го забележал стражарот и со еден силен удар со кундакот од пушката го соборил на земја. Пано сепак успеал да се соземе, собрал сила и ја зграбил стомната со која го ударил по главата. Кога веќе стражарот бил во несвесна состојба тој ги повикал и останатите затвореници да избегаат, а тие го послушале. Пано станал ајдук на Руен Планина. Не ајдукувал долго време. Неговиот кум лично со ластарка го убил Пано и неговата глава ја предал на бегот за возврат да ги добие ветените пари. По овој настан Амди-бег добил поттик да ги затвори останатите членови , да им ја запали куќата и да им го разграби имотот. Фамилијата Самарџиеви се растурила, некои од нив заминале за Прилеп, Ѓоро заминува за Солун (каде умира), а додека Пешо, мајка му Марија и чичко му Нацо се преселуваат во Неготино. Малиот Пешо се помнел што се лсучувало во Подлес. Со детски разум се обидувал да ги разјасни крвавите настани и да ја осознае главната причина. Сето ова ќе придонесе, а и другите насилства, да се вклучи во општата борба на македонскиот народ за национално и социјално ослободување. Во таа борба ќе земе активно учество и видно место.
Доселување во Неготино и училишниот живот на Пешо
Ученички години на Петар (Пешо) Самарџиев во железарското училиште во Самоков
Пешо — Борец во четата на Јане СанданскиВо месец април 1901год. Пешо станува четник во четата на Јане Сандански. Пирин ги прегрна во своите шарени дипли младите борци за слобода. Нив ги имаше доста. Сите беа одлучни, озбилни и понесени со една идеја. Пешо ја дава комитската клетва Јас,Добри,Петар,Саво... се заколнувам во бога,верата и честа дека ќе се борам до смрт за слобода на Македонија... Во овие збори коишто се изговараа пред Јане Сандански, имаше нешто величествено, трожествено, магично ги обврзуваше заветниците дека до последна сила ќе се борат против тиранот. Пешо како и многу други, остана најверен заљубеник во слободата. Подоцна Пешо се префрла во четата на Христо Чернопеев. Четата на Чернопеев во која четува и Пешо еден период се бори во Струмичко и Малешевско. Пешо се борел во вториот дел. Во таа борба кај Султан Тале биле убиено 40 четници. Покрај овие две чети каде Пешо добиваше големо борбено искуство, исто така извсен период ќе помине во четата на Петар Јуруков во Тиквешијата. Полни три години ќе четува кај три прочуени бојводи. Од нив многу нешто ќе научи, ќе дознае за начинот на борбата и за организирањето на населението. Пешо во четата на Петар ЈуруковВо четата на Петар Јуруков Пристигнуваа се нови и нови бестрашни борци. Секако со доаѓањето на Петар (Пешо) Самарџиев и Добри Даскалов ,четата добила двајца искусни борци. За време на востанието во месноста Дреновица, Петар со својата чета води борба каде што има и многу загуби. Полни два месеца тиквешката четасе бори. Но вастанието нема масовен карактер. Како што е познато главниот штаб на востанието 1903 г. даде заповед за прекинување на борбите. Учеството на Пешо на Прилепскиот конгресПо Илинденското востание турската власт револтирана поради учеството на населението во борбите и во Организацијата презеде инквизиторски мерки. Затворите се преполни, а во нив врз луѓето се вршат измачувања. Многу од нив умираа од жестокото тепање. Во Тиквешијата и по востанието останаа борците меѓу населението. Петар Јуруков е сè уште војвода , а Пешо е со него. Пешо го осуди ставот на врховистите и понатаму остана да црпи сили со сите оние што страдаат. Добро му беа познати зборовите на Ѓорче Петров: “Ако сега во најтешките дни го напуштиме народот,тој ќе ја изгуби вербата во себе и ќе го вратиме делото за 500 години назад...” По катастрофата на Илинденското востание во пролетта Даме Груев испрати порака до нелегалните дејци да се воспостави револуционална организација во растроени реони. Во Мај 1904 г. На врвот Мукос се одржала конференција која со право се нарече подготвителен конгрес. Беа присутни и делегати од Тиквешијата Добри Даскалов, Петар (Пешо) Самарџиев и Петар Јуруков. Главна тема на конгресот е каква треба да биде иднината на македонскиот народ. Во 1904 г. Пешо станува ТИКВЕШКИ ВОЈВОДА
Средба на Пешо со мајка му МаријаБорбениот пат на Пешо беше долг. Од него се бараа натчовечки напори. Со години разделен од своите најблиски. Секако, најтешко ја поднесуваше разделбата со својата мајка. Учеше во Самоков и само за време на летниот распуст ја гледаше. Мајка му постојано живееше во Неготино. За миг можеше да наврати во градот, да одржи состанок со месниот комитет и да ја види неа. Имаше горлива желба да го слушне мајчиниот глас,да ја прегрне и да го види милиот лик. Една вечер пристигна со своите борци. Тајно се сокрива во куќата на Ѓошо Пиштолот --- негов зет. Испрати абер до мајка му и другите најблиски да се видат. Желбата му беше исполнета. Со нестрпливост ја очекуваше мајка си. Ја немаше видено четири години. Мајка му Марија веднаш дошла штом дознала дека синот и е во градот. Со тешки воздишки го прегрнуваше, небаре сакаше да го задржи засекогаш кај себе и да не го пушти повеќе да оди во неизвесност. Двајцата разговараа долго време. Разговараа за куќата, за најблиските, за работата, и што ли не друго. Разделбата меѓу Пешо и мајка му беше болна. Срцето на Марија и се кинеше. Во нивните мисли пролетуваше дали ќе се видиме друг пат? Со насолзени очи се гледаа за последен пат. Трагичниот крај во близина на селото КлисураНајнапред одат Пешо и курирот, а по нив и 12тината четници. Четата се движи по единствената планинска патека. Штом Пешо и четниците стигна до месноста Преслап, телата им беа испотени и им заповена на одмор. Беше рано, околу 21 часот. Се спремаше да одмара сè уште не беше седнал на земји кога Дино Дрчевски на своите луѓе им заповеда да не пука никој, затоа што тој многу добро го знае Пешо и сам ќе го убие. Подмолно, од зад грб испукува еден куршум и смртно го погодува војводата Пешо. Во тој миг последните зборува гледајќи го селото му биле “Ах,Клусура”.. Пред четниците лежеше трупот на војводата, крвта засилено бликаше од вените,се разлеваше по тревата,и црвено ја боеше. Пешо беше закопан кај една нива покрај меѓите. Четата го продолжи патот кон Влашки Колиби. Беше покуса за еден борец,војвода, за еден вистински заљубеник на слободата.
Мисли
Литература
СтиховиИзвикна Пешо војвода од високите балкани, од високите рудини, над тоа село Копришница. -Слушајте вие селани, утре е Св. Недела, сите по дома да бидете, црква да отворете, четото да си го пречестам. Сите во црква влегоа комитска клетва зедоа. Излегол Пешо од село, лоша го среќа сретнала, клетва пусија душманска. Душмански пушки згрмеа, Пешо војвода удрија, Пешо војвода удрија левата страна срцето. СпоменициВо средиштето на Демир Капија има спомен-биста на војводата Пешо Самарџиев. Исто така, во селото Чифлик близу Демир Капија, има спомен-плоча на Пешо Самарџиев. Плочата била изградена од страна на здружението на боречката организација од Неготино. |
Portal di Ensiklopedia Dunia