Клисура (Демиркаписко)За други истоимени места, погледајте Клисура.
Клисура — село во Општина Демир Капија, во близина на градот Демир Капија. ЕтимологијаИмето Клисура потекнува од старата местоположба на селото, додека Турците го викале Турлук.[2] Географија и местоположба![]() Селото се наоѓа во југоисточниот дел на територијата на Општина Демир Капија, сместено на десната страна на реката Вардар.[3] Селото е ридско, на надморска височина од 240 метри.[3] Од градот Демир Капија е оддалечено 7 километри, додека од градот Неготино е оддалечено 27 километри. Селото се наоѓа на левата присојна страна во долината на Старата Река, десна притока на Вардар. Во самото село се наоѓаат повеќе чешми (Попчева, Васковска, Рујковска, Кузмановска и Орешковска или Бегова Чешма), додека надвор од селото има кладенци.[2] Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Горна Лака, Лака, Долна Лака, Кофил, Стара Бачила, Голема Воденица, Корешничка Краста, Бел Камен, Карадаг, Свети Никола, Штудер, Скршена Прашума, Ревиште, Говедарница, Стефан, Крвнина, Јариштарник, Река, Ропче, Џаде, Рајевец, Солиште, Пресопту, Липкова Падина, Колибиште и Илимов Рид.[2] Селото има збиен тип со разредени краеви. Поделено е на Горно, Средно и Долно Маало, разделени со мали долини. Сретселото се наоѓа во Долното Маало кај главната чешма, додека училиштето и црквата со гробиштата се наоѓаат во Средното Маало.[2] ИсторијаДо крајот на XVII век, селото се наоѓало на устието на Стара Река во Вардар. Старото село било преместено поради нападите на Јуруците во месноста Колибиште. Во месноста Старо Село има трагови од куќишта и чешми, како и стари гробишта. Во близина на селото се наоѓала и Маркова Чешма, која се поврзува со Крале Марко, а над нејзе се наоѓа црквиштето „Св. Димитриј“. Во близина на црквата е месноста Крст или Св. Атанас, каде се колело бело јагне како курбан, додека на местото Св. Јован се колело црно јагне како курбан.[2] Селото било христијанско од неговото основање и немало чифлици.[2] Стопанство![]() Атарот е мошне голем и зафаќа простор од 46,2 км2.[3] Селаните главно се занимавале со земјоделство, сточарство и шумарство. Во минатото, селаните чувале и до 12.000 кози и овци.[2] Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. во Клисура живееле 360 жители, сите Македонци христијани.[4][5] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Клисура имало 480 жители под врховенството на Бугарската егзархија.[6] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Македонци.[7] Селото наполно се раселило по 1981 година, кога што броело шест жители, македонско население.[3] Според пописот од 2002 година, во селото Клисура имало 3 жители, сите Македонци.[8] Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители. Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Родови![]() Клисура е христијанско македонско село.[2] Според истражувањата на Воислав Радовановиќ во 1924 година родови во селото се:
ИселеништвоОд селото пред 1920-тите години се иселиле родовите: Рујковци (1 к.) на чифлиг во Миравци кон средината на XIX век, Васковци (5 к.) на чифлиг во Дуброво околу 1860 година, а понатаму во Долна Драчевица и Оризарци (1 к.) во Габрово во 1911 година. Селото било зафатено со силен миграциски бран во 1970-тите години и од 1981 година било целосно напуштено. На последниот попис во 2002 година повторно биле забележани постојани жители. Општествени установи![]()
Самоуправа и политикаВо XIX век, Клисура било село во Тиквешката каза на Отоманското Царство. Селото влегува во рамките на Општина Демир Капија, која била една од ретките општини која не била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така било дел од Општина Демир Капија. Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Неготино. Селото припаѓало на некогашната општина Неготино во периодот од 1957 до 1965 година. Во периодот 1955-1957 селото влегувало во рамки на општина Демир Капија. Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Демир Капија, во која покрај селото Клисура, се наоѓале и селата Бесвица, Бистренци, Демир Капија, Драчевица, Дрен, Иберли, Копришница, Корешница, Кошарка, Человец и Чифлик. Во периодот 1950-1952, селото било исто така дел од некогашната општина Демир Капија, во која влегувале селата Демир Капија, Драчевица, Дрен, Копришница, Клисура и Чифлик. Избирачко местоСелото е опфатено во избирачкото место бр. 1238 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на специјалниот завод, заедно со дел од градот Демир Капија.[13] Културни и природни знаменитости![]()
Редовни настани
Наводи
ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia