Петар Т. БошковскиПетар Т. Бошковски (1936, Острилци — 15 јули 2006, Скопје) — македонски писател (романописец, поет, драмски автор, есеист и критичар).[1] ТворештвоПетар Т. Бошковски бил член на Друштвото на писателите на Македонија од 1963 година. Автор е на седум стихозбирки, четири романи, четири книги со есеи и критики, две антологии и неколку драми. Избор од неговото творештво е објавен во четири тома. Неговите песни во проза се застапени во делата „Критична точка“ (2002) и „Вратика“ (2005). Три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).[2] НаградиБошковски е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за 1970 година (за стихозбирката „Постела од трње“) и на други книжевни награди и признанија.[3] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia