Петко Ангелески

Петко Ангелески
Роден 1908 година
Ехлоец, Битолски Вилает, Отоманско Царство
Починал октомври 1944 година
Кичевско, ДФ Македонија, ДФЈ
Народност Македонец

Петко Зафиров Ангелески ( 1908 во Ехлоец1944 во Кичевско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Споменик од НОВ, во Ехлоец на кој е впишано и името на Петко Ангелески.

Животопис

Потекнувал од земјоделско семејство. Поради тешките услови за живеење, бил принуден да оди на работа во Скопје. По окупацијата за време на Втората светска војна, тој се вратил во своето село. Определен за борба против окупаторот, во текот на 1943 година, тој бил опфатен од партиската организација во селото. Активно работел за потребите на ослободителното движење, а од летото 1944 година, им се приклучил на партизаните и бил во Осумнаесеттата дополнителна партизанска бригада. Есента, 1944 година, тој се разболел во селото Атишта и бил однесен на лекување, но умрел во октомври истата година.[1]

Поврзано

Наводи

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 38.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya