Петрос Моливијатис
Петрос Моливијатис (грчки: Πέτρος Γ. Μολυβιάτης, 12 јуни 1928 – 4 мај 2025) — грчки политичар и Министер за надворешни работи на Република Грција во периодот од 2004 до 2006 година. Роден е на островот Хиос. Образованието го завршил во Атина. По завршувањето на правниот факултет, се вработил во Министерство за надворешни рабти на Грција. Во текот на својата политичка кариера, тој бил и амбасадор на Грција во Москва, Русија. Од 1974 до 1980 година, Моливијатис бил дипломатски советник и генерален директор на политичкиот кабинет на премиерот Константин Караманлис. За време на мандатот на Константин Караманлис, бил генерален секретар во канцеларијата на претседателот. Во 1996 и 2000 година на парламентарните избори бил избран за член на грчкиот парламент од партијатата Нова демократија. Моливијатис бил назначен за министер за надворешни работи на Грција во мај 2004 година по победата на Нова демократија, партијата на парламентарните избори на 7 март 2004. Зборувал англиски и француски. Бил претседател на Фондацијата „Константин Караманлис“. Бил оженет и имал една ќерка и еден син. Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia