Ставрос Димас
Ставрос Димас (грчки: Σταύρος Δήμας, роден на 30 април 1941 во Атина) е грчки политичар и поранешен министер за надворешни работи на Грција. Семејството на Димас потекнува од селото Кленија, Коринтија. Студирал право и економија на Универзитетот во Атина, а во Њујорк магистрирал. Во 1969 година започнал да работи како адвокат за фирма од Вол Стрит, а следната година заминал во Светска Банка. Во 1975 година се вратил во Грција и ја презел функцијата заменик гувернер на Грција. Во 1977 година станал активен член на партијата Нова демократија, а како член на грчкиот парламент бил избран во десет последователни мандати. Тој ги има извршвано следните функции:
Димас на кратко бил во комисијата на Романо Проди. Како комесар за вработување и социјални работи на Европската унија бил назначен во март 2004 година, и функцијата ја презел од Ана Дијамантопулу. На оваа комисија бил до ноември 2004 година. Од 11 ноември 2011 година станал министер за надворешни работи на Грција.
|
Portal di Ensiklopedia Dunia