Пет елементи (кинеска филозофија)
Во традиционалната кинеска филозофија, природните појави може да се класифицираат во „пет елементи“, „пет фази“, „пет движења“ или „пет чекори“. Тоа се: Системот на петте елементи е користен за да ја објасни интеракцијата и врските меѓу феномените. Се употребува во разни полиња на кинеската мисла, вклучувјќи ги и фенг шуеј, кинеска астрологија, традиционална кинеска медицина, потоа во музиката, воената стратегија и борбените вештини. ЦиклусиДоктрината на петте фази во себе содржи два циклуса: создавање и уништување. Тоа се циклусите на балансирање, кои претставуваат јин и јанг – премин на енергијата од добро во зло. ![]() СоздавањеНајлесно се памтат на следниов начин:
Уништување
Космологијата и фенг шуејСпоред теоријата на Ву сјинг, структурата на вселената ги одразува петте елементи. Секој елемент има серија од сложени асоцијации, што може да се види во подолната табела. Во кинеската вештина позната како фенг шуеј, целиот систем се сведува на уметноста на користењето на петте елементи. Со овие елементи се поврзуваат боите, сезоните и формите.[1]
Космологијата и И ЧингПетте елементи се исто така во корелација со осумте основни тријаграми од И Чинг:
Кинеска медицинаМеѓузависноста на органите во телото е забележано дека е круг на петте елементи. На пример, црниот дроб (фаза на Дрво) се вели дека е „мајка“ на срцето (фаза на Оган), а бубрезите (фаза на Вода) се мајка на црниот дроб. Клучната забелешка е дека проблеми со бубрезите предизвикуваат и проблем со црниот дроб. Во ваков случај „мајката“ е слаба и не може да го поддржи детето. Многу од ваквите меѓузависности во денешни времиња се познати како физиолошки болести. Клучната работа која треба да се има на ум во врска со кинеската медицинска употреба на петте елементи е дека ова е само модел. Други употреби на петте елементиКинеската астрологија се заснова врз интеракцијата на петте елементи со дванаесетте знака од кинескиот зодијак, кои заедно го оформуваат добро познатиот шеесет годишен циклус. Пример за некој што е роден во 1953 година, година на Змија. Бидејќи годината на раѓање завршува со бројот 3, а тој број се поврзува со елементот Вода, излегува дека тој некој е Водена Змија. Петте елементи се користат при борбените вештини за да се опишат петте различни состојби на борба: разбивање (елемент Дрво), удирање (елемент Оган), вкрстување (елемент Земја), разделување (елемент Метал), дупчење (елемент Вода). ПоврзаноБиблиографија
Белешки
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia