Умешноста на војувањето![]() Умешноста на војувањето (кинески: 孫子兵法, транскр. Сун-це бинг фа, буквално: „Воената стратегија на Сун-це“) — кинески воен трактат напишан за време на 6 век п.н.е. од Сун-це. Книгата е составена од 13 глави; секоја е посветена на еден аспект на војувањето. Ова дело се смета за врвен авторитет за воената стратегија и тактика во своето време. „Умешноста на војувањето“ е една од најстарите и најпознатите студии на тема стратегија која извршила огромно влијание врз веоната стратегија и друго. За првпат во Европа делото го преведува францускиот езуит Жан Жозеф Мари Амијо во 1782. Делото се смета дека имало влијание на Наполеон, германскиот Генералштаб, па дури и на планирањето на операцијата „пустинска бура“. „Умешноста на војувањето“ има инспирирано многу светски водачи како Мао Це Тунг, Во Нуен Зиап и Даглас Мекартур. Почнувајќи од дваесеттиот век, „Умешноста на војувањето“ се применува и кај бизнис и менаџмент-стратегиите со многу успех. Содржина
Наслови на главите преведени од преводот на Лајонел Гајлс (1910)
ЦитатиСтихови од книгата можат да се чујат во денешните кинески идиоми и фрази, како на пример последниот стих од Глава 3:
Ова е посодржајно толкувано и збиено во поговорката:
Слични стихови исто така се позајмени—следнава се однесува на победување „без борба“:
Воена применаВо многу источноазиски земји, „Умешноста на војувањето“ е дел од материјалот кои кандидатите за воените испити мораат да го подготват. Книгата исто така се изучувала од некои европски воени институции, како на пример во Германија пред Првата светска војна. Во САД, книгата мораат да ја знаат сите од разузнавачката служба на американските маринци, а истата им се препорачува дури и на самите маринци. За време на Сенгоку Џидаи во Јапонија, самурај по име Такеда Шинген (1521-1573) станал речиси непобедлив во битки без да се потпира на пушки, заради тоа што добро ја изучил „Умешноста на војувањето“. За време на Виетнамската војна, многу виетконговски офицери ја изучувале „Умешноста на војувањето“, па дури можеле и да рецитираат цели пасуси наизуст. Поврзано
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia