Пецо Видимче
Пецо Видимче (Битола, 8 октомври 1921 - Скопје, 12 октомври 2010) — македонски сликар.[1][2] ЖивотописПецо Видимче е роден на 8 октомври 1921 година во Битола, тогаш во Кралството на Србите, Хрватите и Словенците.[2] Во 1952 година дипломирал ликовна уметност во Белград во класата на професорот Неделко Гвозденовиќ. Како стипендист на Фондот „Моша Пијаде“[2] бил на студиски престој во Италија (1954) и Франција (1960).[1] Во 1953 година станал член на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ) и учествувал во сите негови изложби. Во 1955 година заедно со уметниците Јован Димовски, Методија Ивановски-Менде, Перо Спироски и Борислав Траиковски ја основале групата ВДИСТ.[2] Критиката високо ги оценува нивните дела.[1][2] Видимче имал самостојни изложби во Битола, Скопје и Куманово и учествува на групните во Југославија, Велика Британија и Италија. Предавал ликовна уметност во гимназијата „Георги Димитров“ во Скопје.[2] Починал на 12 ноември 2010 година во Скопје.[2] Награди
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia