NGC 1399 Group, Ејбел S0373 или AGC 3733,[1] G53, LGG 96
Печка — галактичко јато на далечина од 19 мегапарсеци (62 милиони светлосни години).[2] Се проценува дека има маса од (7 ± 2)⋅1013M☉,[3] што го прави второ по содржајност во далечински опсег од 100 милиони светлосни години, веднаш по значително поголемото јато Девица. Може да се смета за дел од галактичката група Еридан. Сместена е претежно во соѕвездието Печка, при што јужниот крај делумно преминува во соѕвездието Еридан и зафаќа 6° од небото, на површина од 28 квадратни степени.[4]
Галактичкто јато Печка е особено вреден извор на информации за развојот на ваквите јата поради неговата релативна близина до Сонцето. Исто така, тоа ги покажува гравитациските последици од спојувањето на галактичка подгрупа со главната група,[5] што пак дава увид во поврзаната галактичка суперструктура.[6] Во средиштето на јатото е NGC 1399.[2] Други членови се NGC 1316 (најсјајната од групата), NGC 1365, NGC 1427A, NGC 1427 и NGC 1404.[2]
Состав
Ова галактичко јато може да се подели на две подјата: главното (со средиште во NGC 1399) и подгрупа 3 степени на југозапад, сосредоточена во леќеста галаксија NGC 1316. Второспоменатата подгрупа е во процес на упаѓање во најголемото подјато и конечно спојување со него, а нејзините галаксии имаат силна ѕвездообразбена активност.[4]
Меѓујатна средина
Како и кај многу галактички јата, меѓујатната средина на Печка е исполнета со врел разретчен гас кој испушта рендгенско зрачење.[7] и содржи меѓугалактички ѕвезди, од кои некои имаат создадено нови.[8]
↑ 2,02,12,2Jordán, A.; Blakeslee, J. P.; Côté, P.; Ferrarese, L.; Infante, L.; Mei, S.; Merritt, D.; Peng, E. W.; и др. (јуни 2006). „The ACS Fornax Cluster Survey. I. Introduction to the Survey and Data Reduction Procedures“. The Astrophysical Journal Supplement Series. 452 (1): 141–153. arXiv:astro-ph/0702320. Bibcode:2007ApJS..169..213J. doi:10.1086/512778. S2CID17845709.