Печка (соѕвездие)
Печка — соѕвездие на јужното небо. Името потекнува од латинскиот збор fornax што во превод значи печка. Именувано било од страна на францускиот астроном Никола Луј де Лакај во 1756 година. Печка е едно од 88-те современи соѕвездија. Историја![]() Лакај првично соѕвездието го нарекол Fornax Chemica што во превод значи хемиска печка,[1] односно мал цврст сад кој се користел за загревање на хемиските опити. Забележителности![]() ЅвездиАлфа Печка е двојна ѕвезда која може да се набљудува одделно со мали аматерски телескопи. Првичната ѕвезда е жолта ѕвезда со светлинска величина 3,9, додека пак втората е жолта ѕвезда со светлинска величина 6,5, која можно е да е променлива ѕвезда. Истата има орбитален период од 300 години и се наоѓа на растојание од 300 сг. од Земјата. Бета Печка е ѕвезда жолт џин со светлинска величина 4,5, на растојание од 169 сг. од Земјата.[1] Далечни објектиСоѕвездието Печка било цел на многу истражувања на сочени кон големите далечини на универзумот. Хабловото крајно далечно поле е сместено во Печка, и јатото Печка, мало јато од галаксии, може да се набљудува во Печка. На состанок во Кралското астрономско друштво во Британија, екипа од Универзитетот во Квинсленд опишале 40 непознати „џуџести“ галаксии во ова соѕвездие, понатамошните набљудувања со Хабл и со европските опсерватории Многу големиот телскоп откриле дека станува збор за крајно збиени џуџести галаксии со пречници од 120 сг.[2] NGC 1049 е збиено ѕвездено јато 500.000 сг. од Земјата. Станува збор за т.н. галаксија џуџеста Печка.[3] UDFj-39546284, е кандидат за протогалаксијакоја е сместена во Печка,[4][5][6][7] иако поновите испитувања покажуваат дека се работи за послаб извор на црвено поместување.[8][9] HIP 13044 b е вонсончева планета во соѕвездието, забележана во ноември 2010 година, чие потекло е надвор од галаксијата.[10] NGC 1097 е пречкеста спирална галаксија во Печка, на растојание од 60 милиони сг. од Земјата. Со светлинска величина 9, може да се види со средни аматерски телескопи.[11] Се забележува дека се работи за Сејфертова галаксија со изразито силни спектрални оддавања кои создаваат јонизирани гасови и најверојатно потекнуваат од супермасивна црна дупка. NGC 1365 е друга пречкеста спирална галаксија на растојание од 60 милиони години од Земјата. Како и NGC 1097, станува збор за Сејфертова галаксија. Пречката е сместена во центарот на ѕвездообразбата и има продолжувања на спиралните краци. Сјајното јадро укажува на присуство на активно галактичко јадро - галаксија со супермасивна црна дупка во центарот, која ја забрзува материјата од пречката.[12] Станува збор за објект со светлинска величина 10 и е поврзано со галактичкото јато Печка.[11] NGC 1360 е планетарна маглина со светлинска величина 9, на 978 сг. од Земјата. Централната ѕвезда е со светлинска величина 11,4, невообичаено сјаен остаток. пет пати е поголема од познатата Прстенеста маглина во соѕвездието Лира со прачник од 6,5 лачни минути. За разлика од Прстенестата маглина, NGC 1360 е елиптична маглина.[13] Печка A е радио галаксија со изразити радио изблици кои наликуваат на оние на оптичката галаксија NGC 1316, со светлинска величина 9.[1] Една од поблиските активни галаксии до Земјата на растојание од 80 милиони сг., Печка A во видлива светлина наликува на голема елиптична галаксија со патеки од прав околу јадрото. Овие патеки од прав ги наведува астрономите да помислат дека неодамна доѓло до спојување на галаксијата со помала спирална галаксија. Бидејќи има доста супернови од типот Iа, NGC 1316 се употребила за пресметување на големината на универзумот. Млазот кој ги создава радио изблиците не е особено моќен, со што на изблиците им дава дифузна, јазолеста структура поради заемодејстват со меѓуѕвездената средина.[12] Со оваа галаксија е поврзано целото јато на галаксии.[1] Галаксијата џуџеста Печка е џуџеста галаксија која е дел од Месната Група на галаксии. Не може да се набљудува со аматерски телескопи, и покрај растојанието од 500.000 сг. од Земјата.[1] Источна астрономијаВо кинеската астрономија, ѕвездите од Печка се поклопуваат со оние од Бел Тигар од запад (西方白虎, Си фанг бај ху).[14] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia