Пивофест
Фестивалот е од отворен тип, се одржува во центарот на градот. Учество земаат познати производители на пиво и локални угостители. Посетители доаѓаат од сите краишта на Република Македонија и соседните земји. Фестивалот е познат по добрата забава, скара и ладното пиво и секако масовната посетеност. ИсторијаНастанот е туристичка манифестација која што има 17 годишна традиција во Прилеп. Оваа ревија на врвни пива и специјалитети на скара, дополнета со фонот на избрани музички брендови на Балканот, е туристичка атракција, која што предизвикува интерес и кај љубителите на овој тип забави не само од Македонија, туку и пошироко на Балканот. Последните неколку години почетокот на фестивалот коинцидира со верскиот празник „Петровден“, а манифестацијата трае 4 дена. Има извонредна посетеност[1] . Штандови на „Пивофест“ 2018 година во центарот на Прилеп Фестивалот има стекнато традиција, и на туристичката карта на Прилеп има едно од најважните места. На фестивалот гостуваат екстрадни ѕвезди од регионот. Во 2009 главен гостин била хрватската пејачка Северина.[2] Во 2010 била Светлана Ражнатовиќ-Цеца, во 2011 Здравко Чолиќ, во 2012 Лепа Брена, во 2013 Горан Бреговиќ, во 2014 Жељко Самарџиќ,[3] во 2015 Дино Мерлин. И многу други познати музичари како Жељко Јоксимовиќ, Мирослав Илиќ, Петар Грашо, Халид Бешлиќ, Љубиша Стојановиќ - Луис, Харис Џиновиќ, Данијела Мартиновиќ, Емина Јаховиќ, Тони Цетински, Јелена Розга, Тијана Дапчевиќ,Оливер Драгојевиќ, Неда Украден, Гоца Тржан, Саша Ковачевиќ и многу други. Во 2007 годинаНа фестивалската забава учествувале над 350.000 посетители од Македонија и странство кои испиле околу 250 тони пиво и изеле околу 60 тони скара[4]. На двете бини во центарот на градот настапиле 30-ина музички имиња и од забавната и од народната естрада. На 15-те штанда на шесте пиварници и десетте скараџии немало слободно место. Имало организирани посети од Грција и од Бугарија, а имало туристи и од Кина. Период 2009 — 2016 година
Галерија
Наводи
Поврзано
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia