Википедија:Наведување на извориВикипедија е енциклопедија која секој може да ја уредува. Бидејќи технички секој може да напише било што, потребно е информациите кои ќе се најдат во нејзините статии да бидат веродостојни: да не потекнуваат од сопствени истражувања, туку од сигурни и веродостојни извори. Затоа се наметнува потребата од проверливост на содржината — за да се провери колку е таа содржина вистинита, но и за да дојде до повеќе информации во врска со дадената тема. Било која статија која се стреми да биде добра или одлична мора да ги наведе своите извори. Наведувањето на извори се врши со помош на наводи. Навод претставува краток текст кој уникатно посочува кон одреден извор на информации. Пример:
Целосниот список на изворите од коишто се наведува е сместена на крајот од статијата (пред одделот „Надворешни врски“) во оддел со наслов ==Наводи== (или алтернативно: ==Извори==, ==Литература== или само ==Литература==). Ова напатствие покажува:
Краток прегледНаведување со фуснотиНајчест (и најпожелен) начин на наведување на изворите на информации во Википедија е со користење на фусноти. Основните чекори кои треба да се преземат за да се направи тоа се следните:
На пример, го внесуваме овој код:
А, тоа ќе изгледа вака:
Општо наведување
Наводите што ги ставате во статијата ќе се појават при дното на страницата и ќе бидат испишани во облик на потточки. На пример, го внесуваме овој код:
А, тоа ќе изгледа вака:
Кога се наведуваат извориВикипедија по својата природа е дело од луѓе со многу различно знаење и вештитни. Читателот мора да биде сигурен дека материјалот кој е внатре е доверлив.
Изворите треба да се наведуваат во следниве случаи: При додавање на материјал кој е предизвикан или кој најверојатно ќе биде предизвиканСите наводи и секој материјал кој е предизвикан или кој најверојатно ќе биде предизвикан треба да биде поврзан со доверлив, издаден извор користејќи наведување во самиот текст. Потребата од наводи е особено важна при пишување за мислењата кои постојат за одредена тема. Одбегнувајте неопределеност во зборовите од типот на „Некои луѓе велат дека...“, „За ова е познато дека...“ и слично. Наместо тоа, направете го Вашиот текст проверлив: најдете конкретно лице или група која го држи мислењето и дадете навод до угледна публикацијаво која тие го искажуваат тоа мислење. Запомнете дека Википедија не е место за изразување на Вашите лични мислења или за оригинално истражување. Мислењата, податоците, статистиките и изјавите засновани врз нечиј научен труд треба да бидат наведени и поврзани со нивните автори во текстот. При цитирање на некое лицеКога во статијата директно пренесувате нечии туѓи зборови или пак ги парафразирате истите, потребно е да додате навод до доверлив издаден извор во кој се издадени тие изјави. Фуснотата треба да биде пренесена директно по наводот на текстот:
или по реченица или фраза која го навестува цитатот.
При додавање материјал од биографија на живо лицеБиографиите на живи лица треба да се извори со посебна грижа, за правни и етички причини. Сите спорни материјали за живи лица мора да наведат сигурни извори. Ако најдете спорен материјал за жив човек без извори или со слаби извори, без разлика дали во статија или на страницата за разговор — отстранете го веднаш! Не оставајте го во статијата додека барате извор. Не преместувајте го на страницата за разговор. Ова се однесува на тоа дали материјалот е во биографија или во која било друга статија. При проверка на содржината додадена од другиМожете да додавате извори и за материјал кој лично не сте го напишале. Додавањето наводи е одличен начин да ѝ помогнете на Википедија! При подигање на сликаСликите мора да содржат подробности за изворот и белешка за лиценцата на страница за опис на сликата. Важно е да го наведете авторот на сликата ако се знае (особено ако е различен од изворот), што е важно како за авторските права, така и за информативни цели. Некои лиценци за авторски права бараат оригиналниот автор да добие заслуга за нивната работа.
Секоја слика со неслободна лиценца за авторски права мора да биде придруженa со образложение за праведна употреба за секоја статија во која се користи. Како се претставуваат изворитеОпштo наведување извориАко некој извор покрива значителен дел од материјалот во една статија, понекогаш можеби е прифатливо да се додаде наводот на крајот. Служи како општ навод, неповрзана со некој поконкретрен дел од статијата. Ова е посоодветно за релативно неразвиени статии или за оние статии кои покриваат доста тесна тема.
Вака ќе изгледа горниот код откако ќе ја зачувате страницата (забележете како се закосени насловите на книгите):
Наведување извори паралелно со текстот од статијатаПолни фуснотиМногу статии на Википедија, особено поразвиените статии и оние кои ги задоволуваат критериумите за добра или избрана статија, ги наведуваат нивните извори во фусноти. Наведувањето на извори парелелно со текстот од статијата преку во овој метод се појавува како мали кликабилни бројки во самиот текст кои водат до набројан список од полни наводи на крајот од статијата. За одреден навод да се појави во фуснота, треба да биде опкржена со „ref“ ознаки. Можете да ги додадете овие ознаки со внесување на <ref> на почетокот на наводот и со </ref> на крајот. Алтернативно можете да забележите дека во алатникот (на дното од страницата за уредување) има список на код кој автоматски може да внесе, вклучувајќи ги ознаките <ref></ref> - ако го одберете наведувањето на изворот и ако стиснете на оваа ознака, таа автоматски ќе го затвори Вашиот навод во ref ознаки. Изборно, можете да додадете име на наводот преку атрибутот name: <ref name="име">подробностите за наводувањето</ref>. По ова, можете истата фуснота да ја употребите повеќепати само преку додадавање на <ref name="име"/>. Полниот навод ќе се јави во додатокот на статијата, во оддел со наслов „Наводи. Ако овој додаток не постои, создадете го преку создавање на одделот ==Наводи== и поставете или <references/> или {{наводи}} во тој оддел. Ова автоматски ќе го испише списокот на фусноти. Примеров долу покажува како ова би изгледало во кутијата за уредување:
Овде е прикажано како ќе изгледа текстот во статијата откако ќе ја зачувате страницата:
Скратени фуснотиМногу статии користат скратена верзија за наводот во фуснотата, давајќи го само авторот, годината (или насловот) и бројот на страниците. Како и порано, списокот на фусноти автоматски се создава во оддел со наслов „Фусноти“ или „Белешки“. Потоа во друг оддел наречена „Наводи“ се додаваат полните наводи. Краткиот навод и полниот навод можат да бидат поврзани така што читателот може да кликне на кратката фуснота и да му се обележи полниот навод. Скратените фусноти се користат заради неколку причини: тие му дозволуваат на уредувачот да наведе повеќе различни страници од истиот извор без да го копира целиот полн навод; се избегнува долгиот текст во кодот на статијата од полните наводи; ги доведуваат полните наводиво еден кохерентен блок од код (наместо да се раштркани низ целиот текст) што овозможува да бидат подредени по азбучен ред, а полесно е и поправањето на полните наводи одеднаш (на пример, додавање на ISBN број или друг детаљ); една фуснота може да содржи повеќе наводи, а со ова се избегнуваат долгите колони на фуснотни обележувачи. Подолу е прикажано како изгледа прозорецот за уредување при додавањето на „скратени фусноти“ во една статија:
Вака ќе изгледа статијата откако ќе се зачуваат промените:
Скратените фусноти кои користат наслови наместо датуми на издавање можат да изгледат вака во статијата:
Како да се форматираат наводитеПостојат повеќе начини како може да се форматираат наводите на изворите. Неколку примери за тоа на каков начин тоа може да се направи се дадени подолу. Книги, учебници, практикумиКниги, учебници и слични публикации може да се наведуваат на следниов начин:
Примери:
Доколку станува збор за книга која е уредувана од еден или повеќе уредници, а содржината нејзина е пишувана од повеќе автори, во тој случај наведувањето се врши на следниот начин:
Пример:
Доколку е познат ISBN (International Standard Book Number) бројот тогаш може да се додаде на крај на наводот:
Доколку се повикувате на текст кој се наоѓа на дадена страница од книгата која ја наведувате, тогаш на крајот од наводот се додава и бројот на страницата на која се наоѓа текстот на кој се повикувате. Пример:
Бројот 45 во претходниот пример претставува бројот на страницата на која се наоѓа текстот на кој се повикувате. Напомена: Кога станува збор за наведувате на книги (учебници, прирачници, монографии и сл.) при наведувањето дозволено да се запишува и само името и презимето на првиот автор. Сепак, многу подобар и поеднозначен начин на наведување е доколку се наведат сите автори на делото. Наведување на статии од списанијаНаведување на статија објавена во научно списание
Пример:
Напомена: Понекогаш насловот на статијата се изоставува. Наводи на статии преземени од дневни и неделни весници
Пример:
Наводи од веродостојни интернет извори на информацииНаведувањето на ваков тип на извори на информации вклучува наведување на:
Пример:
|
Portal di Ensiklopedia Dunia