Пираноза

α-D-гликопираноза.

Пираноза е збирен израз за јаглехидрати коишто имаат хемиска структура која вклучува шестчлен прстен составен од пет јаглеродни атоми и еден кислороден атом. Името произлегува од неговата сличност на кислородното хетероциклично соединение пиран.

Формирање на пираноза

Пиранозниот прстен е формиран преку реакција на хидроксилната група на јаглеродниот атом 5 (С-5) од еден шеќер со алдехидот на јаглеродниот атом 1. Ова образува внатремолекулски хемиацетал. Ако реакцијата е меѓу C-4 хидроксилната група и алдехидот, тогаш се формира фураноза. Пиранозната форма е термодинамички постабилна од фуранозната, што може да се види од дистрибуцијата на овие две циклични форми во раствор.

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya