Сахароза
Сахарозата (шеќер од трска или обичен, кујнски шеќер) е дисахарид кој се состои од гликоза и фруктоза. Хемиското име на сахарозата е - D - гликозидо (1, 5) - - D - фруктозид (2, 5). Сахарозата е многу распространета во растителниот свет, а најмногу ја има во шеќерната трска и шеќерната репка. Се произведува со екстракција и кристализација од овие растенија, кои и за таа цел се одгледуваат. Во светот се произведува околу 30 милиони тони сахароза годишно. Сахарозата се топи на 184 степени, се распаѓа над точката на топење, потемнува и дава карамел. Лесно се раствора во вода. Не го редуцира Фелинговиот реагенс. Под дејство на ензимот инвертаза, сахарозата се дели на гликоза и фруктоза. За време на процесот варење (дигестија), сахарозата се дели во тенкото црево.
|
Portal di Ensiklopedia Dunia