Пиратите од Карибите: Во непознати води

„Пиратите од Карибите: Во непознати води“
Плакатот на македонски јазик
РежисерРоб Маршал
ПродуцентЏери Брукхајмер
СценаристТед Елиот
Тери Росио
Главни улогиЏони Деп
Пенелопе Круз
Ијан Макшејн
Кевин Макнали
Џефри Раш
МузикаХанс Цимер
Ерик Витакер
КинематографијаДариуш Волски
МонтажаДејвид Бренер
Вајат Смит
Студио
ДистрибутерWalt Disney Studios
Motion Pictures
Премиера20 мај 2011 г. (САД)
Времетраење137 минути
Земја САД
Јазик
Буџет
  • 410,6 милиони долари (бруто)
  • 378,5 милиони долари (нето)[1]
Бруто заработка1,046 милијарди долари[2]
ПретходенПиратите од Карибите: На крајот на светот
СледенПиратите од Карибите: Одмаздата на Салазар

Пиратите од Карибите: Во непознати води (англиски: Pirates of the Caribbean: On Stranger Tides) — фантастичен филм во режија на Роб Маршал и произведен од Џери Брукхајмер и четвртиот дел од серијалот филмови „Пиратите од Карибите“. Сценариото е засновано на романот на Тим Пауерс, Во непознати води, но филмот не е адаптација, а од книгата се позајмени само некои заплетни елементи и ликови.[3]

Кира Најтли и Орландо Блум, кои глумеле во првите три филма од серијата, како и Гор Вербински, режисерот на изворната трилогија, се откажале од проектот. Од глумечката екипа на изворната трилогија, само Џони Деп, Џефри Раш и Кевин Макнали се согласиле да се приклучат.[4]

Содржина

Околу 1750 г., неколку години откако капетан Џек Спароу ја добил картата на Сао Фенг за да го најде Изворот на Младоста и „Црниот бисер“, кој му го украл Хектор Барбоса, еден бродоломец бил пронајден во океанот и однесен кај кралот Фернандо во Кадис. Со себе носел бродски дневник на Понсе де Леон, кој загинал пред 200 години барајќи го Изворот. Во меѓувреме, Џек го спасува својот прв помошник, Џошами Гибс, од погубување во Лондон, но потоа и самиот е заробен. Гибс ја зема картата на Џек, додека Џек се среќава со кралот Џорџ II, кој му наредува да води експедиција за да го пронајде Изворот пред Шпанската армадa, предводена од кралот Фернандо. Барбоса се приклучува на експедицијата како гусар со дрвена нога, верувајќи дека „Црниот бисер“ е потонат. Џек успева да избега, а Барбоса потоа го врбува Гибс, кој ја учи картата напамет и ја гори, по што тргнуваат со бродот „Провидение“.

Капетан Тиг, таткото на Џек, му открива дека за користење на Изворот е потребен Безбожниот ритуал. Џек дознава и дека некој друг, кој се претставува како Џек Спароу, собира екипаж. Тоа е Анџелика, поранешната љубовница на Џек и ќерка на Црнобрадиот, која го грабнува и го присилува да служи на бродот „Одмазда на кралицата Ана“. На бродот има и немртви офицери, како и заробениот мисионер Филип Свифт. Црнобрадиот, кој користи вуду-магија, сака да го пронајде Изворот за да ја избегне својата проречена смрт од еден човек со дрвена нога. Иако Џек ги поттикнува луѓето на бродот да се побунат против немртвиот екипаж, Црнобрадиот ги совладува со својот волшебен меч, што му дава контрола врз бродовите. Анџелика му открива на Џек дека за ритуалот се потребни солза од сирена и две сребрени пехари од бродот на Понсе де Леон, „Сантјаго“. Обете пехари се полнат со вода од Изворот, а оној што ќе ја испие водата со солзата, ќе ја добие целата животна сила од другиот. Таа му ја покажува на Џек и колекцијата на Црнобрадиот со минијатурни бродови во шишиња, меѓу кои и „Црниот бисер“.

„Одмазда на кралицата Ана“ испловува кон заливот Вајткап, каде што екипажот на Црнобрадиот ја фаќа сирената по име Сирена. Барбоса, Гибс и неколку британски морнари продолжуваат пеш откако „Провидение“ е нападнат од сирени. Откако излегува од вода, опашката на Сирена станува нозе, а бидејќи не може да оди, Филип ѝ помага. Кога ја користат нивната љубов за да извлечат сиренска солза, Сирена е оставена да умре. Црнобрадиот го испраќа Џек по пехарите, земајќи го неговиот волшебен компас. Џек и Барбоса се среќаваат на „Сантјаго“, но откриваат дека пехарите ги зел шпанскиот крал. Пред да ги вратат, Барбоса му ја открива на Џек вистинската причина што е тука — одмазда за нападот врз „Црниот бисер“, во кој ја загубил ногата. Џек се враќа кај Црнобрадиот, му ги носи пехарите во замена за својот компас, кој потоа го праќа со Гибс.

Сите стигнуваат до Изворот на Младоста, каде што настанува битка. Барбоса го прободува Црнобрадиот со меч намачкан со жабин отров, а Анџелика се сече на истиот меч. Шпанецот ги фрла пехарите во длабоката вода, наредувајќи да се уништи Изворот бидејќи е „богохулство“. Во нередот, Филип ја ослободува Сирена, која му ги дава пехарите на Џек. Тој ги полни со последните капки вода од Изворот, додавајќи ја солзата, и го измамува Црнобрадиот да го испие пехарот без солзата. Анџелика преживува, а Црнобрадиот умира. Сирена му се враќа на повредениот Филип, му простува, и заедно исчезнуваат под вода.

Барбоса го презема бродот, екипажот и мечот на Црнобрадиот и се враќа на пиратскиот живот. Џек, пак, ја остава Анџелика на мало островче, изразувајќи ѝ љубов, но и недоверба. Потоа се среќава со Гибс, кој го користи компасот за да го најдат „Одмазда на кралицата Ана“ и да го вратат „Црниот бисер“ од шишето. Додека размислуваат како да го извадат, Џек му вели на Гибс дека е решен да го продолжи животот како пират. Во сцената по одјавната шпица, кукла од Џек Спароу, направена од Црнобрадиот, се исфрла на брегот до Анџелика, која се насмевнува.

Улоги

Глумец Улога
Џони Деп капетан Џек Спароу
Џефри Раш капетан Хектор Барбоса
Пенелопе Круз Анџелика
Ијан Макшејн Едвард Тич / Црнобрадиот
Кевин Макнали Џошами Гибс
Сем Клафлин Филип Свифт
Астрид Берже Фризби Сирена
Стивен Грем Скрам
Ричард Грифитс кралот Џорџ II
Кит Ричардс капетан Едвард Тиг

Наводи

  1. Sylt, Christian (July 22, 2014). „Fourth Pirates Of The Caribbean Is Most Expensive Movie Ever With Costs Of $410 Million“. Forbes. Архивирано од изворникот December 8, 2014. Посетено на December 7, 2014. Production costs: $410.6 million; rebate: $32.1 million
  2. „Pirates of the Caribbean: On Stranger Tides (2011)“. Box Office Mojo. Архивирано од изворникот April 25, 2013. Посетено на August 22, 2011.
  3. Galloway, Stephen (May 10, 2011). „The Making of 'Pirates of the Caribbean'. The Hollywood Reporter. Архивирано од изворникот на 8 август 2011. Посетено на 29 јули 2011.
  4. „Pirates of the Caribbean: On Stranger Tides Movie Interview – Bruckheimer on Pirates of the Caribbean 4“. IGN. May 24, 2010. Архивирано од изворникот 4 јули 2010. Посетено на 5 јули 2010.

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya