Пиратите од Карибите (филмски серијал)
Пиратите од Карибите — серија од филмови продуцирани од Џери Брукхајмер засновани на истоимениот тематски забавен парк на Волт Дизни. Како режисери на серијалот се јавуваат Гор Вербински (1–3), Роб Маршал (4) и Јоаким Ронинг и Еспен Сандберг (5). Приказната ги следи авантурите на Џек Спароу (Џони Деп), Вил Тарнер (Орландо Блум) и Елизабет Свон (Кира Најтли). Ликови како Хектор Барбоса (Џефри Раш) и Џошами Гибс (Кевин Мекнали) ги следат Џек, Вил и Елизабет во текот на филмовите. Во четвртиот филм играле Сем Клафлин (како Филип Свифт) и Астрид Берже-Фрисби (како Сирена), додека во петтиот филм ќе играат Брентон Твејтс и Каја Скоделаријо. Местото на случување во филмовите е измислено историско место; свет раководен главно од алтернативни верзии на Британската Империја, Источноиндиската компанија и Шпанското Царство, а пиратите ја означуваат слободата од владеачките сили. Првиот филм во филмскиот серијал кој бил издаден во 2003 година под името Пиратите од Карибите: Проклетството на Црниот бисер се здобил со позитивни критики и заработил 654 милиони долари во светски рамки.[1] По успехот на првиот филм, од Walt Disney Pictures изјавиле дека се подготвува трилогија. Вториот филм во франшизата, насловен Пиратите од Карибите: Ковчегот на мртовецот, бил издаден во 2006 година; продолжението се покажало како успешно, соборувајќи финансиски рекорди на денот на премиерата. Ковчегот на мртовецот бил филм со најголема заработувачка во годината заработувајќи речиси 1.1 милијарда долари до денес. Третиот филм во серијалот, насловен Пиратите од Карибите: На крајот на светот, бил издаден во 2007 година. Четири години подоцна, во 2011 година, Disney издале четврти филм, Пиратите од Карибите: Во непознати води, кој исто така заработил над 1 милијарда долари,[1] станувајќи вториот филм во серијалот и само осми филм во историјата кој ја преминал границата од 1 милијарда долари. Досега филмскиот серијал заработил 3.73 милијарди долари во светски рамки;[1] што го прави единаесетти серијал по големина на заработувачка и прв во која повеќе од еден филм заработил над 1 милијарди долари во светски рамки. Петти филм, насловен Пиратите од Карибите: Одмаздата на Салазар, ќе биде издаден на 26 мај 2017 година.[2] Од горе надолу: Џони Деп, Орландо Блум и Кира Најтли ги играле главните улоги. Деп глуми во сите пет филмови, Блум во првите три и се враќа во петтиот филм, додека пак Најтли само во првите три. ФилмовиПроклетството на Црниот бисер (2003)Ковачот Вил Тарнер се здружува со ексентричниот пират капетан Џек Спароу за да ја спаси својата девојка Елизабет Свон од пиратите предводени од поранешниот прв офицер на Џек, Хектор Барбоса. Џек сака да му се одмазди на Барбоса, кој го оставил заробен на остров пред да го украде неговиот брод, Црниот бисер, заедно со 882 парчиња од проколнатото ацтешко злато. Ковчегот на мртовецот (2006)Лордот Катлер Бекет ги апси Вил и Елизабет поради помагање на Капетанот Џек Спароу во претходниот филм. Бекет нуди помилување доколку Вил се согласи да го пронајде компасот на Џек со цел да го најде ковчегот на мртовецот – и внатре, срцето на подлиот Дејви Џонс – кое ќе му даде контрола на Бекет врз морињата. Сепак, Џек го сака ковчегот за да избега од неплатениот долг со Џонс, кој пред 13 години го направил Џек капетан на Црниот бисер во замена за 100 години служење на бродот на Џонс, Летечкиот холанѓанец. На крајот на светот (2007)Лордот Бекет стекнува сила над Дејви Џонс и со помош на бродот Летечкиот Холанѓанец, ги спроведува своите планови за уништување на пиратството засекогаш. За да се изборат против Источноиндиската компанија за тргување на Бекет и Џонс, екипажот на Црниот бисер заедно со Вил, Елизабет и Вил заминуваат да го спасат Капетанот Џек Спароу од ковчегот на Дејви Џонс. Како еден од деветте пиратски лордови, Џек е потребен за да можат да ја ослободат божицата на морето што има моќ да ги порази силите на Бекет. Во непознати води (2011)Капетанот Џек Спароу е на мисија да го пронајде легендарниот Извор на Младоста и вкрстува патишта со поранешна стара љубов, Анџелика. Таа го носи Џек на бродот Одмаздата на кралицата Ана, брод што го води озогласениот пират Црнобрадиот, таткото на Анџелика. Двајцата исто така се во потрага по фонтаната; Анџелика за да ја спаси душата на нејзиниот татко, а Црнобрадиот за да избега од пророштво за неговата смрт. На потрагата се приклучува и поранешниот пират, капетан Барбоса, сега гусар во морнарицата на кралот Џорџ II кој е во трка со Шпанците за Изворот на Младоста. Одмаздата на Салазар (2017)Еден брод со духови, предводен од капетанот Салазар, е во потрага по Џек Спероу. Истовремено, младата девојка Карина Смит ја поседува картата што го покажува патот до островот каде се наоѓа трирожецот на Посејдон. На крајот на филмот, капетанот Барбоса се жртвува себеси за да ја спаси Карина (која е негова ќерка), а младиот Хенри Тарнер повторно ги наоѓа своите родители, Вил Тарнер и Елизабет Свон.[3] ПрифаќањеЗаработувачкаФилмскиот серијал Пиратите од Карибите постигнал голем успех на кино благајните; секој од филмовите заработил над 600 милиони долари, и сите во одреден момент биле рангирани во 50. најпрофитабилни филмови на сите времиња. Toj станал прв серијал воопшто со два филмови со заработка над 1 милијарда долари, и тоа Ковчегот на мртовецот и На чудни плими.[4] Проклетството на црниот бисер бил трет најпрофитабилен филм во 2003 година во 2003 Северна Америка (зад Господар на прстените: Враќањето на кралот и Барајќи го Немо) и четврти во светски рамки (зад Господар на прстените: Враќањето на кралот, Барајќи го Немо и Матрица 2).[5] Ковчегот на мртовецот бил најуспешен филм за 2006 година,[6] додека пак На крајот на светот бил најуспешен филм во 2007 година во светски рамки, но четврти во Северна Америка (зад Спајдермен 3, Хари Потер и Редот на фениксот и Шрек 3).[7] На чудни плими бил трет најпрофитабилен филм во светски рамки (зад Хари Потер и реликвиите на смртта – 2 дел и Трансформери: Темната страна на месечината) и петти во Северна Америка.[8]
Критички и јавни оцени
Главни улогиНаводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia