Пијанец (село)Оваа статија се однесува на историско село во Дебарско. За областа во источна Македонија, погл. Пијанец.
Пијанец — историско село во Дебарско, денес на територијата на Општина Дебар. Географија и местоположбаСелото се наоѓало 1 км северно од Дебар. Лежело на јужната падина на Крчин, на тераса на надморска висина од 850 м. ИсторијаПијанец се наоѓало северно од Дебар, десно од главниот пат кон Баниште и Пешкопеја[2]. Селото Пијанец, се споменува во поменикот на Слепчанскиот манастир помеѓу 1544 и 1548 година како „пїанèцъ“, а во другата половина од 16 и почетокот на 17 век како „пиѩнець“[2]. Под тоа име се појавува во пишаните документи и во текот на следните векови[2]. Според народното предание, селото Пијанец порано имало околу 200 куќи[2]. Во записите на поменикот на Манастирот Свети Јован Бигорски од 1863 година се наведени 16 имиња на македонски посетители, а на крајот на 19 век е запишано дека тоа имало две куќи на христијани и десет домови на мухамедански Македонци[2]. Во времето на Балканските војни и заминувањето на турската власт од Дебар, Пијанец било посебно село[2]. Во војната во 1912 година, биле уништени некои куќи, при што останале само две[2]. Последниот жител кој како иселеник го напуштил Пијанец бил Трпе Куц или Пијанечки, кој го напуштил селото во пролетта 1913 година[2]. Сега од селото е останата само малата разрушена „ Пијанечка Црква “ која била посветена на Христовото Преображение со гробишта, името на местото Пијанец и името на потокот Пијанечка Река[2]. Поранешното селско подрачје е покриено со плодни полиња и добри ливади во сопственост на некои Албанци од Дебар[2]. Во XIX век Пијанец било македонско село од мешана вероисповед. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Пјанец (Pyanetz) било село од 13 домаќинства со вкупно 38 жители, од кои 23 биле Македонци-муслимани и 15 Македонци-христијани.[3][4] Денес од селото останала само црквата, наречена „Пијанечка црква“.[5]. Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia