Карта на Општина Дебар со селските атари.Демографска карта на Општина Дебар со селските атари.Јазична карта на Општина Дебар. Мајчин јазик на населението, прикажано по населени места.
Главен стопанско објект во општината е ХЕЦ „Шпилје“. Градското население во општината се занимава со трговија, производство и услуги, а руралното население со сточарство, земјоделство и шумарство.
Демографија
Население
Според пописот на население од 2002 година, општината има вкупно население од 19. 542 жители со густина на население од 134.15 жители на километар квадратен. Етничкиот состав на општината бил следниот:[2][3]
*Треба да се напомене дека иако во Дебар се попишани 1.415 луѓе како Турци, тоа се всушност Македонци-муслимани со оглед на тоа дека од попишаните Турци 98% за мајчин јазик се изјасниле дека им е македонскиот. Со тоа бројот на Македонци по националност во Дебар без разлика на вероисповеда е всушност 4469 или 30,69% (бројот на попишани со мајчин македонски јазик). Исто така и околните села на Дебар се во најголем дел македонски (населени со Македонци-муслимани). Дел од Македонците-муслимани се изјасниле и како Албанци. Мал број од Македонците-муслимани се изјасниле и како други.
Иселувањето на населението од Општина Дебар е процес кој се одвива подолг период. Во минатото, миграцијата била воглавно село-град или град-град, но денес е забележано големо отселување на населението во странски држави.
Дебарски емигранти во Бугарија (1905/1906) издавале свои весник*.
Градоначалник на општина Дебар е Ружди Љата од редовите на ДУИ. Тој бил избран на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години. Функцијата градоначалник ја извршувал и во периодот 2013-2017.[7] Советот на општина Дебар е составен од 15 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:
Неделко и Ристе Китанови — македонски комити, членови на дебарската чета на ВМРО. Ристе загинал во 1902 во борба со турскиот аскер кај селото Јанче, а Неделко учествувал и се борел во Илинденското востание.