Попис на населението во Македонија (2021)
Попис на населението, домаќинствата и становите во Македонија во 2021 година — статистичка операција која започнала на 5 септември и завршила на 30 септември 2021 година.[2] Спроведување на пописотПописот првично требал да се оствари во април 2020 година, но потоа бил презакажан за април 2021 година, па повторно презакажан за септември. Пандемијата на КОВИД-19 во Македонија и нејзиниот непредвидлив тек на развој спречила успешен попис на почетокот на годината. Сепак, пописот бил успешно спроведен и завршен до крајот на септември 2021 година.[3] Од 1 март 2021 година започнало самопопишување на дијаспората преку мрежното место на Државниот завод за статистика.[4] Самопопишувањето на дијаспората завршило со нерамномерен попис, така што најголем дел од самопопишаните биле од западноевропските земји, а помал број од прекуокеанските земји. Првиот сет на податоци од пописот бил објавен на 30 март 2022 година, опфаќајќи податоци за вкупното резидентно и вкупното нерезидентно население, пол, возраст, етничка припадност, вероисповед, мајчин јазик и јазик кој вообичаено се зборува во домаќинствата, број на станови и број на домаќинства. Во месеците што следат треба да бидат објавувани сетови на податоци за образовните и економските одлики на населението, за становите, за домаќинствата и така натаму.[5] РезултатиНаселение по општини![]()
ВозрастВо однос на старосната структура, општини со најголем процент на младо население (0-14 год.) биле: Студеничани (29.76%), Арачиново (27.16%) и Шуто Оризари (26.24%), додека општини со најмал процент на младо население биле: Демир Хисар (10.83%), Кратово (10.18%) и Ново Село (9.72%). Старото население (над 65 години) процентуално било најмногу застапено во: Ново Село (28.86%), Дебарца (27.29%) и Чешиново-Облешево (24.97%). 51 жител на Македонија имале 100 и повеќе години. ![]()
Галерија
Поврзано
Белешки
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia