Планинарски дом „Љуботен“
Планинарски дом „Љуботен“ — прв и најстар планинарски дом во Македонија, изграден во 1931 година. Домот е сместен на 1.630 метри надморска височина, под истоимениот врв.[1] ИсторијаЉуботен е прв и најстар планинарски дом во Македонија, изграден во 1931 година.[1] Планинарскиот дом во текот на 2016 година бил реновиран и била извршена реконструкција на кровот.[2] МестоположбаДомот се наоѓа на височина од 1630 м. До него се стигнува од Тетово до Старо Село по асфалтен пат, а од Старо Село до домот по макадам пат или маркирана патека која започнува од информативната табла во селото. Планинарскиот дом Љуботен е прв и најстар дом во Република Македонија изграден 1931г. Домот е поставен над букова шума и од него се отвора поглед кон полошката котлина, врвот Љуботен, Козја Стена, Ливадица и Пирибег.[3] ПристапностДо домот се стигнува од селото Старо Село од каде води макадам пат, но и обележана патека, која започнува од информативната табла во селото.[1] ОсобеностиДомот е отворен во текот на целата година, иако е пожелно најавување кај домарот.[1] Капацитетот на домот е 35 легла, заедничка трпезарија и кујна. Домот има постојана електрична енергија и вода.[1] Во домот може да се најави пијалак и храна, а по потреба и желба се подготвуваат и традиционални јадења.[1] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia