Планинарски дом „Даре Џамбаз“![]() „Даре Џамбаз“ — планинарски дом на десетина метри под врвот Крстовар на планината Водно над Скопје. Од планинарскиот дом се гледа целата панорама на градот Скопје, Скопската Котлина, Шар Планина и Скопска Црна Гора. Домот е оддалечен од градот 1-2 часа пешачење. До него може да се пристигне по повеќе пешачки патеки кои доаѓаат од Скопје и водат кон домот. Некои од патеките се обележани. До домот води и асфалтен пат од градот Скопје преку кој може да се пристигне со моторни возила до самиот врв Крстовар, сообраќајот е регулиран со временски ограничувања.[1] Домот го носи името на Даре Џамбаз — еден од основоположниците на планинарството во Македонија. ИсторијатДомот почнал да се гради 1950 година од страна на Планинарскиот сојуз на Македонија, од цврст материјал, камен и вар. Предаден е во употреба 1952 година[2]. Домот кој е на КП бр.1 место наречено Голема Стена на К.О. Горно Соње, е сопственост на Федерацијата на планинарските спортови на Македонија (или поранешниот Планинарски сојуз на Македонија) врз основа на правосилна пресуда на Општинскиот суд Скопје 1. Домот е изграден во текот на 1955 година. Во самата пресуда е утврдено дека со Планинарскиот дом од 1963 година до денес управува Планинарското друштво „Бистра“ Скопје[3]. Опис на домотДомот има приземје, кат и подрумски простории. Покриен е со поцинкуван лим. Подрумските простории не се користат за планинарски цели. На приземјето има голема просторија која може да прими околу 70-100 лица, просторија за пресвлекување на посетителите, една просторија во која се чуваат разни материјали потребни за кујната и една кујна во која главно се подготвува чај, по потреба во неа може да се подготвуваат и јадења. На катот се наоѓа една просторија во која се сместени околу 22 кревети а има место да се постават и јоги душеци за поголем број на корисници. Покрај оваа просторија има уште две помали кои се користат за помошни работи. Домот има електрично осветлување и вода во кујната. Тоалет има надвор од домот. За планинарите домот е отворен од петок навечер до недела навечер, кога дежураат членови од Планинарското друштво „Бистра“ кое и управува со домот. Инаку има постојан чувар кој може да обезбеди пристап во домот и сместување по потреба. ![]() Можни излети
Поврзано
Галерија на слики
Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia