Селото се наоѓа во северниот дел на областа Долни Полог, оддалечено 25 километри северно од Тетово. Западно од селото се издига Шар Планина.
Историја
Селото се споменува во османлиските даночни регистри на немуслиманското население од вилаетот Калканделе од 1626 - 1627 година и е забележано како село Истаросел со 54 домаќинства.[2]
Во XIX век, Старо Село било село во Полошката нахија во Тетовската каза на Отоманското Царство.
Според истражувањата од 1948 година, родови во селото се:
Родови во селото се:
Јањовци (20 к.),староседелци. Се делат на Богојевци, Кировци, Синадиновци и др. Имаат иселеници во Јегуновце, Жилче и во Бугарија (едно семејство).
Вељановци (20 к.),староседелци. Имаат иселеници во Беловиште и во Тетово (едно семејство, таму изумреле).
Бошкоќевци (7 к.),Староседелци. Имаат иселеници во Ратае (Исајлоски) и во Тетово, али таму изумреле.
Караџини (1 к.), староседелци.
Краговци (2 к.) доселени се од соседното сега албанско село Орашје. Во Орашје живееле двајца браќа Краго и уште еден на кого не се сеќаваат како се викал. Овој вториот брат во Орашје преминал на ислам, од него сега таму е родот Кулаш (18 к.). Краговци во Старо Село се сметаат за стари доселеници. Имаат иселеници во Јегуновце[13]
Градиште, населба од неолитското време. Северно од селото, во правецот на селото Рогачево, по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, куќен лепеж и орудија од камен и кремен.
Дубје, некропола од римското и доцноантичкото време. На јужната периферија на селото, на една од мала височинка се откриени гробови. При заштитните археолошки ископувања извршени во 1982 година се најдени бронзени монети, токи и друго. Наодите се чуваат во Музејот на тетовскиот крај
Цветков Рид, населба од доцноантичкото време. Југоисточно од селото, под асфалтниот пат, на голема површина се среќаваат фрагменти од керамички садови , питоси, тегули и множтво градежен материјал.
Редовни настани
Личности
Личности родени во Старо Село:
Петар Богоевски (1912-1944) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
Саве Серафимовски (1908-1944) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
Трајан Блажевски (1915-1944) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
Трајан Милошевски (1913-1944) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
Култура и спорт
Од Старо Село започнуваат и водат планинарски патеки кон врвот и планинарскиот дом Љуботен, а исто така од тука започнува и патеката по трасата на „Првата - Западна македонска трансверзала“.
Иселеништво
Од ова село иселеници има во Жилче (Данајловци 3 к.), Јегуновце (Ѓуклевци 1 к.), Ратае (Исајловци), итн. Иселеници има и во Тетово и Бугарија.
↑Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp.122-123.
↑Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр.23.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“