Планинарски патеки во МакедонијаБележењето на планинарските патеки во Македонија ― активност која се спроведува од Федерацијата на планинарство на Македонија. Тоа е спектар на професионални услуги кој создава одржливи модел на управување со планинарските и рекреативните патеки, како и обука на стручни лица за одржување на истите. Планините се отворен простор, без оглед на националната, етничката, расната, половата или било која друга припадност на посетителите. Движењето во планините не е само физичка активност, тоа е извор на етички, естетски, образовни, културни и духовни вредности.[1] Планинарско-рекреативната мрежа на патеки овозможува пешачење, планинарење, возење велосипеди, јавање и сл. и дава можности за подобар квалитет на животот и здравје на граѓаните. Системот за класификација на патеките, нивното оценување (степен на тежина), обезбедува насоки за заштита на патеките, животната средина и типот на земјиштето преку кои тие поминуваат. Проширувањето и одржувањето на таа мрежа на патеки е од витално значење за сите заедници и организации кои се поврзани со функционирањето на планинарско – рекреативните патеки, со нивниот развој и управување.[2] Географија на МакедонијаРепублика Македонија е претежно планинско-котлинска земја. Дури 80% од целокупната територија на државата се планини. Просечната височина на релјефот на Република Македонија изнесува 829 м. Најниската надморска височина е 44 м во близина на Гевгелија, на местото каде што реката Вардар ја напушта територијата на Република Македонија и оди кон Грција, додека за највисока надморска височина се смета врвот Голем Кораб на планината Кораб со височина од 2.764 м. Релативната височина на територијата на Република Македонија е 1720 м. Релјефот на Република Македонија има разновидни рељефни облици: рамничарски предели, котлини, речни долини, ридови, ниски, средни и високи планини, висорамнини и други голем број помали релјефни облици. За да се посетат тие рељефни облици потребни се патеки. КласификацијаПостојат четири основни класи според ФПСМ односно Комисијата за планинарски патеки:[3]
Основни ознаки на планинарските патекиНа планинарските патеки во нашава земја има два вида ознаки. Тоа се: маркации и смерни табли. Кнафелцова ознака![]() Основна маркација на македонските планини е т.н. Кнафелцовата ознака која се поставува на: дрвја, на камења, на карпи, на огради, на градби и др., каде со својот изглед ќе биде лесно препознатлива. Се поставува во висина на очите (1.7 - 2 м) и, во зависност од теренот на кој се движи, патеката вообичаено е поставена како вертикална ознака. Кнафелцовата ознака, како препознатлива маркација на патеките, е со бела точка, обрабена со црвен круг. Големина на ознаката е 12 см. Кнафелцова ознака поголема од 12 см може да се користи само во исклучителни случаи, во интерес на добрата видливост, но не поголема од 20 – 25 см. Големината на белата точка е 6 см, а ширината на црвениот прстен околу белата точка е 3 см.[4] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia