Планинска тресиопашка
Планинската тресиопашка (науч. Motacilla cinerea) е мала птица од семејството на тресиопашките (Motacillidae). Видот е сличен на жолтата тресиопашка, но жолтото на долните делови е ограничено само на грлото и задникот. Во сезоната на размножување, мажјаците имаат црно грло. Видот е широко распространет, со неколку популации низ Европа и Азија кои се селат во тропските предели на Азија и Африка. Вообичаено можат да се видат на отворените мочурливи места, каде одат сами или во пар по земјата и ловат инсекти. Како и другите птици од ова семејство и овој вид ја тресе својата опашка, лета ниско со брзи свртувања и има остар повик, најчесто во лет. Таксономија и систематизацијаПланинската тресиопашка за првпат била опишана од Мармадук Танстел во неговата „Орнитологија британика“ од 1771 година.[2] Односите на овој вид не се доволно расветлени; припаѓа на неафриканскиот клад тресиопашки кои се малку конфузни во надворешната морфологија и мтДНК. Овој вид најверојатно е најблизок до цитронската тресиопашка и подвидот со сина глава од жолтата тресиопашка, но точната поврзаност е нејасна.[3] Опис![]() Оваа вита тресиопашка има права бела линија над окото и скршен престен околу очите. Горните делови ѝ се сиви и во контраст со жолтото кај задникот и белите долни делови. Мажјакот во сезоната на парење има црно грло кое е обрабено со бели линии како мустаќи. Тие пасат крај бреговите на мочуриштата сами или во пар. Ги користат и камењата и гранките од дрвјата за перчење. Имаат јасен остар повик, а пеењето им е содржано од црцорења.[4] Распространетост и живеалиште![]() Птицата е широко распространета низ палеарктичкиот регион и има неколку добро забележани популации. Номинираната форма (вклучувајќи ја и caspica од Иран, Турција и Кавказ) е од западна Европа, со Британија, Скандинавија и Средоземјето. Расата melanope, која не е целосно издвоена како подвид е опишана како популација која се размножува низ источна Европа и Средна Азија, претежно од Урал, Тјан Шан и Хималаите.[5] Зимуваат во Африка и Азија. Расата robusta се размножува во североисточните делови на Азија и Сибир, проширувајќи сè до Кореја и Јапонија. Овие зимуваат во југоисточна Азија. Островските форми ги вклучуваат: patriciae на Азурен Брег, schmitzi на Мадејра и canariensis на Канарски Острови. Понекогаш се среќаваат на островите кај западна Алјаска и заскитуваат до Калифорнија на југ.[6] Поведение![]() Сезоната на размножување им трае од април до јули, а гнездата ги сместуваат во близина на брзи потоци или реки, на насипи од камења или меѓу корења.[4] При додворувањето, мажјакот прави кратки летови нагоре и полека, размавтано се спушта надолу испуштајќи серија чипови високи ноти.[7] Во Европа, гнездта често се направени во дупки од човечки структури. Леглото содржи 3-6 испрскани јајца, и може да имаат повеќе легла, но секое наредно има помалку јајца.[8] Вообичаената големина на леглото во Ирска е 5 јајца со успешност од 80%.[9] На Канарските Острови леглата се помали, а сезоната на парење не е толку кратка и точно определена.[10] Инкубацијата трае околу две недели и уште толку за оперјување на пилињата. Живеат најмногу 8 години во дивина.[11][12] Овие птици се хранат со различни водени безрбетници, вклучувајќи муви, водни цветови, бубачки, ракови и школки.[13] Тие често „пасат“ долж патишата зимно време, одлетувајќи со остар повик чи-чип, но по извесно растојание повторно се враќаат на истото место на хранење.[7] Зимно време се собираат во мали јата.[14] Тие се враќаат на истите места секоја зима, понекогаш во градските градини.[7][15] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia