Планински пласман на Џиро д’Италија — второстепен пласман на трката. Во овој пласман, бодовите им се доделуваат на водечките возачи преку одредени искачувања. Повеќето искачувања се подредени во едно од трите нивоа на тежина и нивната позиција на етапата. Бонуси се добиваат на планинските завршници на етапите и на првите возачи преку Чима Копи, традиционално сметано за највисока точка на целиот Џиро. Чима Копи бил воспоставен во 1965 во чест на италијанскиот велосипедски првак Фаусто Копи.
Пласманот бил првпат сметан во 1933; од 1974 до 2011, водачот на планинскиот пласман а Џиро д’Италија ја носи maglia verde (од италијански: „зелена маичка“). Во 2012, како дел од договорот за спонзорство, бојата на маичката била променета во сина (maglia azzurra).
Историја
Планинскиот пласман бил додаден на Џиро д’Италија во 1933 година.[1] Во воведната година на пласманот, организаторите избрале одбрани искачувања и доделиле бодови на првите тројца возачи кои поминале преку нив.[1] Алфредо Бинда бил прв преку секое искачување и го освоил планинскиот пласман.[1] Во 1974 година, организаторите ја додале зелената маичка за да го означат предводникот на пласманот.[2] Зелената маичка била користена до 2012 година, кога спонзорот на пласманот, Банка Медиоланум, го обновила своето спонзорство за уште четири години и побарала маичката да биде сина наместо зелена.[3]
Победници
- задебелено - означува возачи, кој го освоил и генералниот пласман.
- косо - означува возач, кој го освоил и бодовниот пласман.
- косо и задебелено - означува возач, кој ги освоил генералниот, бодовниот и планинскиот пласман.
[4]
Повеќекратни победници
До 2022 година, 15 велосипедисти повеќепати го освоиле планинскиот пласман.[5]
По националност
Возачи од четиринаесет различни држави го имаат освоено планинскиот пласман на Џиро д’Италија.[5]
Поделба на бодовите
Бодовите, кои ги добиваат првите возачи, кои доаѓаат на врвот на искачувањето се делат според следниот редослед:
Поделба на бодовите во 2012
|
GPM4
|
GPM3
|
GPM2
|
GPM1
|
1. возач |
3 |
5 |
9 |
15
|
2. возач |
2 |
3 |
5 |
9
|
3. возач |
1 |
2 |
3 |
5
|
4. возач |
|
1 |
2 |
3
|
5. возач |
|
|
1 |
2
|
6. возач |
|
|
|
1
|
Организаторите на трката одредуваат, кои искачувања и врвови ќе бидат вклучени за планинскиот пласман и во која категорија ќе бидат.
Наводи
|
---|
| По година | |
---|
| Пласмани („маички“) | |
---|
|