Микел Ланда
Микел Ланда Меана (шпански: Mikel Landa Meana; р. 13 декември 1989) — шпански професионален друмски велосипедист, кој моментално вози за UCI World Tour екипата Мовистар Тим.Тим Бахреин Викториус.[2][3] Пробивот во неговата кариера се случил на Џиро д’Италија 2015, каде освоил две етапи и завршил трет во генералниот пласман. КариераРана кариераЛанда е роден во Мургија, во Баскија, северна Шпанија. Како многу баскиски велосипедисти, кариерата ја започнал во развојната екипа Орбеа Континентал, во 2009 година, пред да се приклучи на професионалната екипа Еускалтел-Еускади во 2011 година. По три години со екипата Еускалтел-Еускади, Линда ја напуштил екипата на крајот на сезоната 2013, поради нејзиното расформирање, за да се приклучи на Астана.[4] Астана (2014-2015)Ланда освоил етапа на Џиро дел Трентино 2014 пред да вози на Џиро д’Италија 2014 како еден од помошниците на Фабио Ару. Му помогнал на Ару да стигне до третото место во генералниот пласман. Во 2015 година, Ланда нападнал од бегство на последното искачување на петтата етапа на Трката околу Баскија.[5] ![]() Ланда возел на Џиро д’Италија, повторно првично како помошник за Ару. На осмата етапа, втората планинска завршница на трката, Ланда завршил втор по нападот од Ару и подоцнежнето неуспешно бркање на предводникот Бењат Инчаусти (Мовистар Тим) во обид за победа на етапата. Со тоа, Ланда се искачил на петтото место во генералниот пласман, 42 секунди зад предводникот Алберто Контадор (Тинкоф-Саксо).[6] Ланда се искачил на третото место во генералниот пласман на десеттата етапа, кога Ричи Порт (Тим Скај) добил временска казна поради прифаќањето на тркало од возачот на Орика-ГринЕЏ, Сајмон Кларк.[7] На четиринаесеттата етапа, поединечен хронометар од 59,4 километри, Ланда бил достигнат од Контадор, губејќи три минути од него и паднал на седмото место во генералниот пласман, 4 минути и 55 секунди зад предводникот. Меѓутоа, следниот ден, Ланда ја освоил планинската петнаесетта етапа откако го нападнал Контадор на последното искачување.[8] По вториот ден за одмор на следната етапа, шеснаесеттата етапа или кралската етапа со пет алпски врвови. На првото искачување, Контадор доживеал механички проблем, по што Катјуша и Астана веднаш го зголемиле темпото напред, предизвикувајќи контроверза за чистата игра.[9] На крајот, по долга потера, Контадор стигнал до Ланда, Фабио Ару и Стевен Краусвајк на Мортироло. Потоа, Контадор нападнал, но Ланда се покажал посилен од Ару, кој не можел да го прати потегот. Ланда се одвоил на последното искачување, освојувајќи ја втората етапа по ред со 38 секунди пред Краусвајк и Контадор. Ару завршил две минути и 51 секунда зад него и така Ланда се искачил пред неговиот колега на второто место во генералниот пласман.[10] Меѓутоа, на деветнаесеттата етапа, Ару се покажал посилен од двајцата, напаѓајќи на последното искачување и одземајќи им минута и 18 секунди на Контадор и Ланда, кои не можеле да го следат. На дваесеттаттата етапа, последната планинска етапа, Ланда нападнал освојувајќи го Чима Копи поради поминувањето на највисоката точка на трката во водство откако на врвот го поминал Илнур Закарин, една минута пред Ару и половина пред Контадор. Меѓутоа, Ланда чекал на Ару на спустот и двоецот не успеал да добие доволно време од Контадор на остатокот од етапата, пред Ару да нападне на последното искачување за победа на етапата. Иако, Контадор изгубил две и пол минута, ја задржал розовата маичка со водство од 2' 02" пред Ару и за победа на Џиро, додека Ланда завршил трет со 3 минути и 14 секунди зад него.[11] Ланда возел на Вуелта а Еспања 2015 повторно како поддршка на Ару, откако другиот предводник на Астана, Винченцо Нибали бил дисквалификуван на втората етапа поради држење за автомобилот на екипата. Ланда ја освоил планинската единаесетта етапа од бегство, непочитувајќи ги наредбите на екипата да се врати назад и да му помогне на Ару.[12] Меѓутоа, Ланда работел за Ару во текот на остатокот на трката откако Италијанецот го претекнал во водството на трката Том Димулен и одиграл клучна улога во одлучувачкиот потег на дваесетта етапа, кога тој и Ару го отфрлиле Димулен на претпоследното искачување пред да им се приклучат колегите од бегството, со што Димулен изгубил три минути и така Вуелта ја освоил Ару. Тим Скај (2016-2017)![]() Во септември 2015 година, Ланда потврдил дека ќе се приклучи на Тим Скај за сезоната 2016.[13] Откако пропуштил неколку трки рано во сезоната поради болест, Ланда го имал својот прв настап за Тим Скај на Сетимана интернационале ди Копи е Бартали, на која завршил на 11. место.[14] Подоцна, возел на домашната трка, Трката околу Баскија, каде ја освоил втората етапа и го презел водството на трката, кое го загубил на третата етапа.[15] Ланда го повел Скај на Џиро дел Трентино на неговата последна трка пред Џиро д’Италија 2016. Ја освоил втората етапа и го презел водството на трката и успешно го одбранил на следните две етапи, и покрај нападите од двоецот на Астана, Танел Кангерт и Јакоб Фуглсанг, при што ја освоил етапата за една секунда пред Кангерт.[16] Бил вклучен во почетниот состав за Тур де Франс 2016.[17] Му помогнал на Крис Фрум да ја освои трката по третпат возејќи како планински помошник. Во јануари 2017 година, Тим Скај објавиле дека Ланда ќе има поделено водство со Герајнт Томас на Џиро д’Италија.[18] Меѓутоа, на деветтата етапа, кога групата се приближила до завршното искачување, Вилко Келдерман од Тим Санвеб се судрил со полициски мотор кој бил паркиран на страна од патот. Ова предизвикало да падне на десно во возачите на Скај, кој биле наредени во линија во главната група и предизвикало Ланда и неговите колеги да паднат. Ланда успеал да стане и да продолжи, но ја завршил етапата на 165. место, 26 минути и 56 секунди зад етапниот победник, Наиро Кинтана. Откако пропаднале неговите надежи за висок пласман на трката, Ланда возел агресивно во бегствата. Завршил трет на четиринаесеттата етапа и го освоил своето второ Чима Копи на шеснаесеттата етапа, победувајќи го Игор Антон на врвот на Стелвио.[19] Ланда завршил втор на етапата откако бил претекнат од Винченцо Нибали на целта во Бормио. Ланда, исто така, завршил втор два дена подоцна на осумнаесеттата етапа зад Тиџеј ван Гардерен. Ја освоил етапата 19 на врвот во Пјанкавало. Ланда бил именуван во почетниот состав за Тур де Франс 2017, првично како планински помошник за Крис Фрум. На дванаесеттата етапа, која завршувала на кратко стрмно искачување, Ланда завршил четврти, пет секунди зад етапниот победник Ромен Барде, додека Фрум завршил седми, 22 секунди зад Барде.[20] На тринаесеттата етапа, Ланда бил дел од четиричленото бегство со Варан Баргиј, Наиро Кинтана и Алберто Контадор. Баргиј ја освоил етапата, додека четворката завршил 1 минута и 39 секунди пред другите фаворити.[21] На петнаесеттата етапа, Фрум скршил шпица на искачувањето, но со помош на Ланда и на другите колеги, успеал да се врати во групата пред врвот.[22][23] На крајот, Ланда завршил четврти зад Фрум, Ригоберто Уран и Барде, завршувајќи само 1 секунда зад Барде.[24] На 29 јули 2017 година, една недела по крајот на Тур де Франс, Ланда завршил петти во петчлен групен спринт на Класика де Сан Себастијан 2017, на која победил колегата Михал Квјатковски[25] Следната недела, Ланда ја своил Вуелта а Бургос, при тоа освојувајќи две етапи, како и бодовниот и планинскиот пласман. Мовистар (2018-2019)На 15 август 2017 година било објавено дека Ланда потпишал со Мовистар Тим двегодишен договор, почнувајќи од 2018 година.[26] Ланда ја остварил првата победа во 2018 година на четвртата етапа на Тирено-Адријатико, откако нападнал на планинската завршница.[27] Бахреин-МекларенВо август 2019 година, Ланда потврдил дека потпишал со екипата Бахреин-Мерида, подоцна преименувана како Бахреин-Мекларен, за сезоната 2020.[2] Достигнувања
Распоред на резултатите на етапните трки
СО = се откажал; — = не учествувал Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia