Планкова температура
Планковата температура (TP) е највисоката физички возможна температура, согласно теориите на германскиот физичар Макс Планк (1858-1947). Како таква е дел од системот на природни единици познати како Планкови единици, кои се темелат на универзални физички константи. Таа е воедно и појдовна единица на Планковата температурна скала: Планкова температура = 1, апсолутна нула = 0, а сите други темепратури се децимали на TP. На пример, 0 °C = 1,928 × 10−30TP. ДефиницијаПланковата температура се дефинира вака: = 1,416833(85) × 1032 K каде:
Двете цифри пред заградите ја означуваат стандардната грешка на последните две цифри на проценетата вредност.[1] ВажностКако и другите Планкови единици, Планковата температура 1 (единство) претставува фундаментална граница во квантната механика според денешните сфаќања, заедно со гравитацијата. Постоењето на температура поголема или еднаква на TP би ја срушило тековната физичка бидејќи немаме теорија на квантна гравитација.[2] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia