Планково времеПланково време (tP) — единица за време од системот на природни единици наречени Планкови единици. Го претставува времето што ѝ е потребно на светлината во вакуум да пропатува растојание од 1 Планкова должина.[1] Единицата го носи името на нејзиниот изумител, германскиот физичар Макс Планк (1858-1947). Планковото време се дефинира како:[2] каде:
Двете цифри во заграда ја претставуваат стандардната грешка на проценетата вредност. ЗначењеЕдно Планково време е времето што му е потребно на еден фотон што се движи со брзина на светлината да помине растојание од една Планкова должина. Во теорија, ова е најмалата возможна мерка за време,[3] приближно 10−43 секунди. Во рамките на законитостите на физиката (според денешното сфаќање), времетраењата помали од едно Планково време не можат да се измерат, и во тој интервал не е можно да се забележи никаква промена. Најмалиот непосредно измерен временски интервал изнесува 12 атосекунди (12 ⋅ 10−18 секунди),[4] околу 1024 пати поголем од Планковото време. Оваа единица му припаѓа на полето на математичката физика познато како димензионална анализа, кое се занимава со изучување на мерните единици и физичките константи. Планковото време е комбинација од гравтициската константа G, константата на релативноста c и квантната константа h каде која добиваме константа со единици за време. Кај случувањата во време t што траат пократко од Планковото време, бездиомензионалната величина tP / t е поголема од еден. Димензионалната анализа укажува на тоа дека под овие околности ефектите на квантната механика и гравитацијата би играле значајна улога, со што се јавува потреба од квантна гравитација. Сите научни опити и човекови искуства се случуваат во текот на милијарди милијарди Планкови времиња, па затоа настаните со Планково времетраење се мошне тешки за откривање. ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia