Полачки манастир
Полачки манастир — манастир во близина на кочанското село Полаки. МестоположбаМанастирот се наоѓа на рид, на патот за маалото Борово Брдо, високо над вливот на Лиса во Борова Река, каде се наоѓа и археолошкото наоѓалиште Св. Спас.[1] До него води земјен пат, кој започнува од маалото Скорово. ИсторијаМанастирот бил основан заедно со црквата во 1936 година.[1] Градби во манастиротМанастирот е составен од една црква, конак, трпезарија и помошни објекти. Црква „Вознесение Христово“Во 1936 година била подигната манастирската црква, која била обновена во 2001 година. КонациКонаците во манастирот потекнуваат од сличен период кога била подигната самата црква. Најпрвин, во нив било сместено првото селско училиште.[1] СлаваНа денот на манастирската слава (Спасовден), како и на празниците Велигден и втор ден Божиќ, манастирот е посетуван од страна на мештаните.[1] Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia