Црква „Вознесение Христово“ - Полаки
Вознесение Христово (позната и како Свети Спас) — главна манастирска црква на Полачкиот манастир во кочанското село Полаки, Македонија.[1] МестоположбаЦрквата се наоѓа на патот за маалото Борово Брдо, високо над вливот на Лиса во Борова Река, каде се наоѓа и истоименото археолошко наоѓалиште.[2] ИсторијаХрамот бил подигнат во првите години од четвртата деценија на XX век со доброволни прилози на православните верници.[2] Била изградена на темели од стара еднокорабна црква.[3] Според зачуваните податоци на иконостасот, осветувањето на храмот се извршила на 21 мај 1936 година за време на празникот Вознесение Христово. Бидејќи црквата била подигната за време на Кралството Југославија, истата била под српско влијание, поради што во иконостасот е вклучена и икона на Свети Сава во цел раст.[2] Во 2001 година била донесена одлука за обновување на црковниот храм.[2] АрхитектураГрадбата претставува еднокорабна црква. При обновата во 2001 година, претходниот објект од 1936 бил зачуван и бил проширен на запад со новоизградена купола и доградба на полуотворена припрата на западната страна со една купола.[2] ФрескоживописХрамот добил фрески по одлуката на црковниот одбор во 2007 година. Фреските ги насликале Павлинка и Столе Илиеви од Кочани.[2] Икони и иконостасПри обновата на црквата добила дрвен иконостас со икони во два реда, царски двери и крст на средината. На новиот иконостас биле сместени и иконите од постарата градба. [2] КамбанаријаХрамот добил ѕвоно уште при неговата изградба, кое истовремено се користело и како повик на жителите од околните маала во случај на одредена опасност или потреба за собирање на населението.[2] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia