Полска православна црква
Полската православна црква (полски: Polski Autokefaliczny Kościół Prawosławny) е автокефална црква, која во православниот свет се наоѓа на 13 место. Историја![]() Христијанството во земјата било донесено од страна на Моравското кнежевство од југ, од германските народи од запад и од Киевска Русија од исток. Покрстувањето на Полска започнало во 966 година, кога полскиот владетел Мешко I официјално го примил христијанството. Следниот голем чекор кој придонел за задржување и проширување на христијанството во земјата било воспоставувањето на различни црковни органи во земјата во текот на 10 век и 11 век. Овој процес го вклучувал изградбата на катедрали како и назначување на свештеници во нив. Во текот на 13 век била создадена православната епископија. Во 1840 година била основана Варшарската православна епархија. Во 1948 година, црквата добила автокефалност од страна на Руската православна црква. Денеска, околу 600.000 верници се припадници на православната црква во Полска. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia