Порталот за „Отоманското Царство“ дава преглед на настани кои се случиле од околу 1299 година до 1923 година, кои се одразиле на териториите на царството и негоите аристократски семејства.
Добре дојдовте
Целта на порталот „Отоманско Царство“ е да им олесни на читателите да најдат и истражуваат статии за Отоманското Царство, како и да им овозможи на уредниците да се вклучат во подобрувањето на темата.
Скоро пет века Цариград бил главен град на големата држава која опстојувала како резултат на освојувањата на турските султани. Некогашниот антички град на бреговите на Босфор повторно се претворил во политички и економски центар од глобално значење. Цариград постепено ја вратил својата стара слава од пред Крстоносните војни и многу бргу станал голем трговски центар. Како една од главните причини за овој голем подем на градот била стратешката географска положба како мост меѓу Азија и Европа.
Орхан І — вториот султан на Отоманското Царство кој владеел од 1324 година до 1359 година. Тој продолжил со проширување на своите територии на сметка на Византија, освојувајќи ги во 1331 година Никеја, во 1337Никомедија, а Бурса станала новата престолнина на султанатот. Во негово време, земјата започнала да се организира како држава во која биле пуштени односно изработени првите ковани пари, била направена модернизирана војска и слично. Орхан создал царство кое опфаќало делови од Мала Азија и дел од Европа, а се протегало до три мориња – Егејското, Мраморното и Црното Море.