Послание до Тит
Посланието на апостол Павле до Тит — книга од Новиот завет. Тадиционално се смета дека била напишана од Апостол Павле. Посланието било упатено до Апостол Тит. Иако е упатено до Тит, според некои истражувачи тоа не е приватна преписка меѓу учител и ученик туку е официјално послание до црквата во Крит. По формата ова послание е пастирско. Преку него, апостол Павле го поучува Тит во извршување на пастирската грижа што ја има кон црквата во Крит. ТитСпоред Второто послание до Коринтјаните (8:23), Тит бил голем пријател и приврзаник на апостол Павле кој го придружувал апостолот на Ерусалимската средба, кога се дискутирало за ослободување на неевреите христијани од исполнувањето на Мојсеевиот закон (Галатјани 2:1, Дела 15). Тит е опишан на неколкупати во Новиот завет, како човек од доверба, со утеха и грижливо срце. КритОстровот Крит, претставувал посебна провинција во Римското Царство која броела стотина густо населени гратчиња. Критјаните биле познати по лошата репутација. Поетот Епиманед, кој е цитиран од апостол Павле, ги опишува луѓето од Крит како „лажливци, зли ѕверови, мрзливи мешишта“ (Тит 1:12). Биле задоени со пагански суеверија и лажни верувања според кои Зевс е роден на некоја од нивните планини. Тоа се луѓето со кои Тит се нафатил да ја гради Христовата црква. АвторГолем дел од денешните истражувачи сметаат дека апостол Палве не е автор на ова послание. Според нив, можно би било тоа да биде напишано во периодот од 90 до 140 година од страна на анонимен христијанин кој бил школуван во духот на Павле. Ова посление е многу блиску до Првото послание до Тимотеј, главно поради стилот на пишување. СодржинаНа почетокот од посланието, апостолот Павле соопштува дека го оставил Тит на Крит со задача да постави презвитери во сите градови, советувајќи го да назначи непорочни мажи, кои имаат пристојни деца и кои се трезвени, справедливи, воздржани и верни на вистинското учење. Исто така, тој го советува Тит да ги разобличува јудејските празнословци кои ги одвраќаат луѓето од христијанската вера. Понатаму, апостолот му порачува на Тит да ги советува верниците да бидат чисти, цврсти во верата, да не клеветат, жените да бидат добри домаќинки и покорни кон мажите, младите да бидат чесни, слугите да им бидат послушни на господарите, луѓето да бидат покорни пред власта и да го чекаат доаѓањето на Исус Христос. Притоа, апостолот го советува Тит треба да се покаже пред верниците како образец за добри дела, да не влегува во расправи за јудејскиот закон и да не се дружи со еретиците. На крајот до посланието, апостолот му најавува на Тит дека ќе му ги испрати Артем и Тихик по што тој треба да дојде кај апостолот во Никопол. Исто така, тој бара од Тит да се погрижи за законикот Зина и за Аполос, а посланието завршува со испраќање поздрави.[1] Цитати
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia