Правоаголен триаголник
Во геометријата, правоаголен триаголник е триаголник со внатрешен прав агол, т.е. агол од 90°.[1][2] Страната спроти правиот агол се нарекува хипотенуза; тоа е најдолгата страна во правоаголниот триаголник и се означува со c. Другите две страни се викаат катети и се означуваат со a и b. Спротивно на страната a е темето А и аголот α, a спротивно на страната b е темето В и аголот β. Основни поставки:
Формули и особиниВо долунаведените формули точката означува множење, т.е. ½ · b · h = ½ × b × h ![]() Периметарот е збир на должините на трите страни Плоштина е:
Пример: Нека е даден правоаголен триаголник со катета a=5 cm и хипотенуза c=13 cm. Според Питагоровата теорема Периметарот e: L=a+b+c=5 cm+12 cm+13 cm=30 cm. Плоштината е: ½·a·b=½·5cm·12cm=30 cm²
Забелешка: Комбинацијата (5,12,13) е т.н. Питагорова тројка, т.е. е комбинација на три цели броеви кои формираат правоаголен триаголник. Друга позната тројка е: (3,4,5).
Пример: Нека е даден триаголник со катети а = b = 10mm. Според Питагоровата теорема Периметарот e: L=a+b+c=10mm+10mm+14,14mm=34,14mm. Плоштината е: ½·a·b=½·10mm·10mm=100mm²
Забелешка: Во вториот пример, двете катети имаат иста должина. Значи, покрај тоа што триаголникот е правоаголен, тој е и рамнокрак триаголник и аглите α и β се еднакви, α = β =45°. Нема рамностран триаголник кој е и правоаголен.
ТригонометријаТригонометријата е гранка на математиката во која се разгледуваат своjствата на слични правоаголни триаголници. Два триаголници се слични ако имаат два пара на еднакви внатрешни агли. Во тој случај, автоматски и третиот пар агли се еднакви бидејќи збирот на аглите во триаголник е 180°. Значи, два правоаголни триаголници се слични ако еден пар од останатите два (остри) агли се еднакви. Ако два триаголници се слични, тогаш односот на кој било пар на страни е ист - тоа е дефиницијата за сличност. Затоа тригонометриските функции кои ги опишуваат односите на различните комбинации на страните на триаголникот зависат само од еден агол. Впишана кружница
Поставка: Центарот на впишаната кружница е пресекот на симетралите на внатрешни агли, а полупречникот r на впишаната кружница на правоаголен триаголник е:
Талесова теоремаТалесова теорема гласи: Секој периферен агол над пречникот на кружница е прав агол. Опишана кружницаПоставка: (Последица од Талесова теорема) Средината, т.е. средната точка на хипотенузата c на правоаголен триаголник е центарот на својата опишана кружница, а полупречникот на кружницата е половината од хипотенузата c: Забелешка: Опишана кружница зависи само од хипотенузата, т.е. секој правоаголен триаголник со истата хипотенуза ја има истата опишана кружница.
Тежишна линија на хипотенузаВо геометријата, тежишна линија на триаголник е отсечка која поврзува теме со средната точка на спротивната страна. Друг термин за тежишна линија е медијана.
Наводи
Поврзани теми
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia