Внимание! Оваа предлошка се превметнува непосредно на Главната страница. Може да ја уредуваат само корисници со сметка. Осигурајте се дека постои консензус за Вашите измени. Благодариме.
Во интерес на големината на содржината, за секоја новододадена занимливост од ДсЗ на врвот, отстранете една стара од дното и ставете го на врвот од архивата, благодариме.
Можете да додадете {{subst:ДСЗФ|Именастатијата}} на страницата за разговор на корисниците кои дале значителен придонес врз статијата од која е извлечена занимливоста.
... дека песната „Благуњо дејче, пожаранче“ ја опева неостварената љубов на Аце Абаџијата кон познатата убавица Благуња Ѓолова (1889 - 1956), родум од гостиварско Пожаране?
... врвот на вулканот Чимборасо во Еквадор е најоддалечената точка на Земјата од нејзиното средиште?
... дека хемискиот елемент индиум (In) не е наречен по Индија, туку по бојата индиго која ја оддава при спектроскопско набљудување?
... дека кафето станало пораспространето во Западна Европа откако било прифатено за „христијански пијалак“ од папата Климент VIII?
... дека според три различни преданија, во гробницата „Струмин гроб“ е закопана сестра на Крале Марко, ќерка на властелин од периодот пред средновековието или принцот Персеј, роднина на Александар Македонски?
...дека роденото име на Бранислав Нушиќ е Алкибијад Нуша бидејќи татко му бил Влав од битолското село Магарево?
...дека геолозите ги прифатиле тектонските плочи дури кон крајот на 1960-тите?
... дека пред да стапи во римската војска, царот Максимин во младоста бил тракиски овчар и разбојник?
... дека во 1000 г. Охридската патријаршија излегувала на 4 мориња (Егејско, Јонско, Јадранско и Црно)?
...дека скопската Саат-кула е првата саат-кула во Османлиското Царство, а нејзиниот часовник е донесен во XVI век од новоосвоениот град Сигет во Унгарија?