Премиер лига на Англија 2011-2012Сезоната 2011-12 во Премиер лигата беше 20-та сезона од основањето на Премиер лигата во 1992. Сезоната започнала на 13 август 2011, а завршила на 13 мај 2012. Титулата ја освоила екипата на Манчестер Сити, нивна прва по 1968 година. Во драматичен крај на првенството Сити станал шампион благодарение на подобрата гол-разлика од градскиот соперник Манчестер Јунајтед иако двата тима биле изедначени со по 89 освоени бодови. Во последното коло од првенството, Сити на домашен терен ги победиле Квинс Парк Ренџерс со 3-2, со два гола за пресврт во судиското продолжение постигнати од страна на Един Џеко и Серхио Агуеро. Оваа била една од најизвесните и надраматичните сезони во Премиер лигата, бидејќи шампионот не беше познат до самиот крај на натпреварите од последното коло. Исто така за првпат во историјата на Премиер лигата гол-разликата го одредила шампионот. За Манчестер Сити ова е трета титула во Англискиот фудбал и прва титула во Премиер лигата, со што станале петтиот тим кој ја освоил титулата. Сезоната е прогласена за најдобра од сите претходни 20. Покрај Манчестерските соперници, во шампионската лига се пласирале и екипите на Арсенал и Челзи (благодарение на титулата освоена во оваа сезона). Од лигата испаднале Болтон, Блекбурн и Вулверхемптон. Најдобар стрелец бил Робин ван Перси од Арсенал со 30 постигнати гола. Завршна табела
Извор: Barclays Premier League Список на стрелци![]()
20.000-тиот голНа 21 декември во поразот со 2-1 од Арсенал на Вила Парк, Марк Олбрајтон од Астон Вила официјално го постигнал 20.000-тиот гол од формирањето на Премиер лигата во 1992 година. Нему му биле доделени £20,000 од спонзорот на лигата Баркли да ги донира за добротворни цели по неговиот избор. Тој го избрал Acorns Children's Hospice, кои го спонзорирале дресот на Астон Вила. НаградиПремиер лига играч на годинатаЗа Премиер лига играч на годината бил избран Робин ван Перси.[2] Премиер лига млад играч на годинатаЗа Премиер лига млад играч на годината бил избран Кајл Вокер.[3] Премиер лига тим на годинатаГолман: Џо Харт (Манчестер Сити) Надворешни врскиНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia