Премиер лига на Англија 2001-2002
Премиер лига на Англија 2001-2002 била 103-тото издание на највисокото ниво на професионалните фудбалски лиги на Англија, односно 10-тата сезона на Премиер лигата, од нејзиното основање во 1992 година. Сезоната започнала на 18 август 2001, а завршила на 11 мај 2002, со триумф на екипата на Арсенал. Екипата на Манчестер Јунајтед влегла како бранител на титулата од претходната сезона. Фулам, Блекбурн Роверс и Болтон Вондерерс биле трите нови екипи, откако обезбедиле промоција во Првата дивизија 2000-2001. Тие ги замениле Манчестер Сити, Ковентри Сити и Брадфорд Сити, кои како трите најслабопласирани екипи во претходната сезона испаднале во понизок ранг. Арсенал ја освоил титулата на 8 мај 2002 година после победата во директниот дуел со најблискиот гонител, Манчестер Јунајтед, на Олд Трафорд, во претпоследниот натпревар од сезоната. Поразот на црвените ѓаволи освен што ги оставил без ниту теоретски шанси во борбата за титулата во последното коло, туку воедно воочи него тие ја загубиле втората позиција на табелата и му дозволиле на Ливерпул, кој истиот ден го совладал Блекбурн Роверс, да ги престигне на табелата. Во последното коло немало промени на водечките позиции па Арсенал, Ливерпул и Манчестер Јунајтед ги задржале исти своите позиции какви што биле и пред тоа и заедно со четвртиот, Њукасл Јунајтед, обезбедиле место во Лигата на шампионите за следната сезона. Петтопласираниот Лидс Јунајтед, заедно со победникот на Лига купот, Блекбурн Роверс, се квалификувале за Купот на УЕФА за следната сезона. Бидејќи победникот на ФА Купот, Арсенал, веќе се пласирал за европските купови преку првенството, поразениот тим во финалето, екипата на Челси, исто така изборила пласман во Купот на УЕФА. Четвртиот и последен англиски клуб кој стекнал право да учествува во ова натпреварување за следната сезона била екипата на Ипсвич Таун која се квалификувала како победник на рангирањето на УЕФА за ферплеј. Астон Вила и Фулам биле двата англиски клуба кои учествувале во Интертото купот 2002. Ипсвич Таун, Дарби Каунти и Лестер Сити биле трите екипи кои испаднале од лигата во оваа сезона. Најдобaр стрелец во оваа сезона бил Тјери Анри од шампионот Арсенал со 24 постигнати гола. ОпштоФормулаСезоната 2001-2002 во Премиер лигата на Англија, била првото издание на првенството спонзорирано од Барклис, една од најголемите банки во Велика Британија. Почнувајќи од оваа сезона, лигата добила уште едно место во Лигата на шампионите, па така од оваа сезона во елитното европско клупско натпреварување можеле да се квалификуваат 4 англиски екипи наместо дотогашните 3. Причина за тоа бил фактот што лигата ја надминала по коефициентот германската Бундеслига на рангирањето на УЕФА. Според тоа, на крајот од сезоната двете првопласирани екипи ќе се квалификуваат директно за групната фаза на Лигата на шампионите, додека третиот и четвртиот ќе играат во последното квалификациско коло за натпрвеварувањето. Петто рангираната екипа и победниците на ФА Купот и Лига купот ќе играат следната година во Купот на УЕФА. Трите последни екипи на крајот од сезоната испаѓаат во Првата дивизија. НовиниПред почетокот на сезоната, Саутхемптон се преселиле на својот нов стадион Сент Мери, напуштајќи го нивниот дотогашен домашен терен Дел по 103 години играње на него. Промена на екипиВкупно 20 клубови учествувале во Премиер лигата на Англија за сезоната 2001-2002, вклучувајќи ги 17-те екипи од претходната сезона 2000-2001, двата прво пласирани клуба од Првата дивизија 2000-2001, и победникот на плејофот од истата лига. Новите екипи во оваа сезона биле Фулам, кои се вратиле во највисокото фудбалско ниво во Англија после цели триесет и три години отсуство по нивното испаѓање во сезоната 1967-1968, потоа Блекбурн Роверс, кои се вратиле по две година отсуство и испаѓањето во сезоната 1998-1999, и Болтон Вондерерс, кој како победник на плејофот е повратник во "елитното друштво" по три години отсуство, поточно за првпат по сезоната сезоната 1997-1998, кога испаднале само поради полошата гол-разлика од Евертон. Тие ги замениле трите екипи кои испаднале во претходната сезона Манчестер Сити, Ковентри Сити и Брадфорд Сити. НастаниПрвото издание на Премиер лигата спонзорирано од Барклис, донело отворена борба за титулата како никогаш порано,[1] а потстрек повеќе затоа бил и фактот што лигата ја надминала германската Бундеслигата на рангирањето на УЕФА и добила уште едно место во Лигата на шампионите (4 места наместо досегашните 3). Цели шест екипи се нашле во отворена битка за титулата, сè до неколку кола пред крајот. После првите три кола, единствената екипа со максимален учинок во лигата била Болтон Вондерерс. Тие го држеле првото место до петтото коло, кога после поразот на домашен терен од Саутхемптон (кои во тој натпревар ги освоиле своите први бодови во сезоната) им дозволиле на Њукасл Јунајтед и Лидс Јунајтед да ги престигнат и да го преземат врвот. Во осмото коло е виден еден од најзаборавните натпревари и пресврти во историјата на Премиер лигата, во натпреварот помеѓу Тотенхем и Манчестер Јунајтед: домаќините воделе со 3-0 на полувремето, но Црвените ѓаволи не се откажале и со пет голови во второто полувреме во мрежата на Спарс успеале да се вратат и да забележат победа од 3-5. Успехот ги донел до второто место на табелата со еднаков број на бодови со Арсенал и три бода помалку од лидерот Лидс Јунајтед. Лидс останале лидери до 14-тото коло, кога нивниот киск и ремито 1-1 на домашен терен со Астон Вила, го искористил Ливерпул за да изедначи со нив на врвот. Истото коло донело и пресметка во Лондон помеѓу двете екипи кои доминирале во англискиот фудбал во последните неколку години, Арсенал и Манчестер Јунајтед; иако губеле на полувремето со 1-0, топчиите успеале да направат целосен пресврт во второто полувреме и со головите на Фредрик Јунгберг и два на Тјери Анри да го победат лутиот ривал. Во следното коло, новото реми на Лидс и победата на Ливерпул им овозможува на црвените на Жерар Улије да останат осамен лидер на табелата по 15 кола, со два бода повеќе од белите, три од Њукасл Јунајтед и четири од Арсенал. Манчестер Јунајтед после уште еден тежок пораз, овојпат на домашен терен со 0-3 од Челси се чини се повеќе заостанува во борбата за титулата и ќе му биде многу тешко да го одбрани насловот освоен во претходната сезона. За време на Boxing Day, Ливерпул влегува во криза, а првенството добива нов лидер, Њукасл Јунајтед. На половина од првенството, токму тие останале во водство, но по поразот во последното коло играно во 2001 година од Челси, по 20 кола заедно со нив на врвот на табелата се изедначил Арсенал. Зад водечкиот тандем се наоѓале Лидс на -1, Ливерпул на -2, Манчестер Јунајтед на -3 и Челси на -6. На дното на табелата исто така се водела голема битка: Дарби, Ипсвич и Лестер биле трите клуба во зоната за испаѓање, додека пред нив со три бода повеќе биле Саутхемтпон, Мидлсбро, Болтон и Блекбурн. На почетокот на 2002 година, трката за титулата останала широко отворена, со Арсенал, Манчестер Јунајтед, Њукасл Јунајтед и Лидс Јунајтед како најсериозни кандидати, а од позадина демнеле Ливерпул и Челси. Во 23-тото коло, Манчестер Јунајтед за првпат излегол на чело на табелата со бод повеќе од Арсенал. Кризата е се повоочлива во редовите на Лидс кој на почетокот на февруари веќе заостанале со повеќе од 10 бодови зад лидерот. Како одминувало времето се подалеку од битката за титулата останале и Њукасл Јунајтед и Челси, кои не можеле да го следат темпото кое го наметнале Манчестер Јунајтед, Арсенал и Ливерпул. Јунајтед останале лидери сè до 30-тото коло, кога по неочекуваниот кикс и поразот на домашен терен со 1-0 му ја предале лидерската позиција на Арсенал. Тоа значело и крај на нивните шампионски амбиции затоа што топџиите од тој момент не го испуштиле водството и го завршиле првенството со импресивна низа од 13 победи. За да биде се уште подобро за Арсенал и нивните навивачи, титулата била математички потврдена на едно коло пред крајот, кога на Олд Трафорд тие го совладале токму својот главен конкурент за титулата со 1-0 благодарение на голот на Силван Вилтор. Поразот на Црвените ѓаволи освен што ги оставил без ниту теоретски шанси во борбата за титулата во последното коло, туку воедно воочи него тие ја загубиле втората позиција на табелата и му дозволиле на Ливерпул, кој истиот ден го совладал Блекбурн Роверс, да ги престигне на табелата. На крајот Арсенал прв со седум бода пред Ливерпул и тие заедно со третиот Манчестер Јунајтед и четвртиот Њукасл Јунајтед се пласирале во Лигата на шампионите, додека Лидс Јунајтед и Челси како петти односно шестти избориле пласман во Купот на УЕФА. На другиот крај од табелата во понизок ранг се преселиле Ипсвич, Дарби и Лестер Сити, како трите последнопласирани екипи. ЕкипиЕкипи учеснички
Стадиони и локацииЛичности и спонзориЗавршна табела
Шампионскиот тим
РезултатиТабеларен приказЧитањето хоризонтално ни ги покажува резултати на домашен терен на наведената екипа од првата колона, а читањето вертикално ни ги покажува резултатите во гости на наведената екипата од првиот ред. Последно ажуриање: 28 јануари 2022.
СтатистикаЕкипнаЛидери на табелатаИзвор:[6]
Факти и бројки
ПоединечнаЛиста на стрелциИзвор:[2]
Листа на асистентиИзвор:[7]
НаградиМесечни награди
Годишни награди
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia