Во популарната музика, преработка на песна претставува нова верзија на претходно објавена песна, но овојпат од друг изведувач.
Историја
Изразот „преработка“ првобитно се употребувал за да означи соперничка верзија на некоја песна која оригинално била објавена пред кратко време. На пример, во 1949 година била обработена познатат песна „The Hucklebuck“ на саксофонистотПол Вилијамс, а во 1952 година се појавила обработка на песната „Jambalaya“ на Хенк Вилијамс.[1] Овие две песни доживеале неколку преработки кои доживеале голема популарност. Притоа, до средината на 20 век, оригиналните верзии на песните често биле преработувани од други музичари, зашто тоа претставувало едне начин за зголемување на нивната популарност.
Видови преработки
Најраспространетата форма на преработка на песна е кога оригиналната песна подоцна ја изведува некој друг изведувач, без значителни промени во мелодијата или ритамот. Друга форма на преработка е кога оригиналната песна е изведена во различен аранжман: на пример, песната „The Model“ на германската електронска група Крафтверк оригинално е отсвирена со електронски инструменти (синтисајзери);[2] во 1987 година се појавила нејзината преработка од американската група Big Black како рок-песна, отсвирена со електрични гитари;[3] додека во 1992 година се појавила нејзината камерна верзија, во изведба на британскиот гудачки квартет, Balanescu Quartet.[4]
Посебен вид преработка е кога музиката од оригиналната песна се задржува иста или со мали измени, а оригиналниот текст се преведува на друг јазик или пак во новата верзија песната има сосема поинаков текст. Таков е случајот со преработката на песната „Прекрасен живот“ (Wonderful Life) на британскиот музичар Black која во преработената верзија на македонската рок-група Архангел има поинаков текст, напишан од Ристо Вртев.[5] Друг таков пример е песната „The last train to Clarksville“ на британската рок-група Манкис (The Monkees) од 1966 година,[6] која во 1987 година била преработена од српската рок-група Рибља чорба со насловот „ПОследниот воз за Чачак“ (Задњи воз за Чачак) за која текстот го напишал Бора Ѓорѓевиќ.[7]
Во продолжение, во определени случаи, некоја песна првично е снимена од друг изведувач, а дури подоцна, нејзинот автор снимил сопствена верзија. На пример, песната „China Girl“ на Дејвид Боуви најпрвин ја снимил Иги Поп во 1977 година,[8] а дури подоцна, во 1983 година, Боуви ја вклучил на неговиот албум „Let's Dance“.[9] Таков е и примерот со песната „Demolition Man“, компонирана од Стинг, која првобитно била изведена од Грејс Џоунс во 1981 година, а неколку месеци подоцна песната била снимена од групата Полис.
Во некои случаи, преработената верзија значително или целосно се разликува од оригиналната песна така што е тешко да се препознае дека станува збор за истата песна. Таков е примерот со песната „Black Steel In The Hour Of Chaos“ (1988) на американската хип-хоп група Паблик енеми (Public Enemy)[10] која во 1995 година била преработена од британскиот музичар Трики (Tricky) со изменетиот наслов „Black Steel“.[11] Слично, песната „In the Deathcar“ од албумот со музиката од филмот „Arizona Dream“ од 1993 година (компонирана од Горан Бреговиќ, а во изведба на Иги Поп)[12] оригинално се наоѓа на албумот на југословенската рок-група Бијело дугме, „Плукни и запеј моја Југославијо“ од 1986 година, но со насловот „Ајде на планина“ (Hajdemo u planine)[13]
Најпосле, постојат цели музички албуми кои се состојат од преработки на туѓи песни. Таков се музичките албуми: „Pin Ups“ на Дејвид Боуви од 1973 година,[14] „Les Chansones Populaires“ на српската рок-група Електрични оргазам од 1983 година,[15] „Through The Looking Glass“ на британската рок-група Siouxsie & The Banshees од 1987 година[16] „NATO“ на словенечката група Laibach од 1994 година.[17] „Under the Covers“ на Двајт Јоакам (Dwight Yoakam) од 1997 година итн.[18]Сличен пример претставува музичкиот албум „Possessed“ на Balanescu Quartet од 1992 година на кој, од вкупно девет песни, дури седум се преработки.[19]
Познати обработки на песни
Неофицијално, како најмногу обработувана песна во популарната музика се смета „Вчера“ (англиски: Yesterday) на Пол Макартни, оригинално изведена од Битлси, која има 2 200 преработки.[20]
Ролинг Стоунс (1965), Billy Joe Royal (1978), The Undertones (1980), Tom Tom Club (1982), Rickie Lee Jones (1983), John Mellencamp (1985), Брус Вилис (1987), Lynn Anderson (1988), Bette Midler (1989)