Ролинг стоунс (англ. The Rolling Stones) — британска рокенрол-група што станала позната во 60-тите години. Тие се оригинални во мешањето на разни правци од американските композиции во нова форма на популарна музика. На почетокот на нивната кариера тие свиреле преработки на блуз, ритам и блуз, кантри и рокенрол музика. Нивните први нумери биле преработки на песни Чак Бери, Роберт Џонсон, Скримин Џеј Хокинс, Мади Вотерс и Хенк Вилијамс, меѓу другите. Иако основачите на бендот Мик Џегер и Кит Ричардс се сметаат за едни од најголемите текстописци во популарната музика, бендот никогаш не престанал да биде инспириран и од другите жанрови. Реге, панк, и денс музика, сите жанрови наоѓаат место на нивните плочи.
Гитаристот (и првичниот фронтмен) Брајан Џонс, иако популарен и харизматичен, бил избркан од групата во 1969 и умрел со таинствена смрт подоцна во таа година, претпоставена несреќа во тоа време, иако постојат обвинувања дека тој бил убиен. Џегер и Ричардс ќе го преземат пишувањето на текстови и изведбата. Џонс претпочитал да се остане блиску до блуз звукот, иако експериментирал со ситара, но Џегер и Ричардс го прошириле музичкиот пристап на Ролинг Стоунс.[1]
Дискографија
- ↑ “The Rolling Stones Through the Ages” (English) May 4, 2020