ПроКредит банка АД - СкопјеПроКредит банка АД Скопје специјализирана банка за бизнис, која мерено по големината на активата, се вбројува во групата на средни банки во Република Македонија.[1]. Седиштето на банката се наоѓа на адреса Бул. Јане Сандански 109а, 1000 Скопје. ПроКредит банка АД Скопје е дел од ПроКредит Групацијата. МисијаПроКредит Банка е развојно ориентирана банка со широк спектар на банкарски услуги. Во нејзиното кредитно работење се фокусира на кредитирање на многу мали, мали и средни претпријатија за кои верува дека создаваат најголем број работни места и кои даваат витален придонес во економијата во рамките на дејноста во која работат. За разлика од другите банки, ПроКредит банка не промовира потрошувачки кредити. Наместо тоа, таа се фокусира на одговорно банкарство преку градење на култура на штедење и долгорочно партнерство со нејзините клиенти. ПроКредит банка инвестира значително во обука на своите вработени со цел да создаде пријатна и ефикасна работна атмосфера и да овозможи и најстручна и висококвалитетна услуга за нејзините клиенти. Акционери на ПроКредит банка можат да очекуваат сигурно враќање на инвестициите низ подолг временски период.[2] Деловна етикаДел од мисијата на ПроКредит Групацијата е утврдување на стандарди во финансиските сектори во кои работи. Целта на ПроКредит банка е да придонесе не само во поглед на целните групи што ги опслужува и квалитетот на финансиските услуги што ги обезбедува, туку да придонесе и во поглед на деловната етика. Нејзините корпоративни вредност играат клучна улога во таа насока. ПроКредит банка дефинира шест суштински принципи на коишто се потпира нејзиното работење:[3]
Финансиски активности кои ги врши ПроКредит банка
благајнички и државни записи на пазар преку шалтер)
Сопственичка структураПроКредит Банка е основана како акционерско друштво. Доминантно учество во сопственоста на ПроКредит банка АД со 87,5% има ПроКредит Холдинг, останатите 12,5% се во сопственост на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД).
Заклучно со 31 декември 2012 година, ПроКредит банка имала издадено вкупно 2.357.351 акција со номинална вредност од 11.786.755 евра (номиналната вредност по акција е 5 евра).[5] Организациска структураНајвисок орган на управувањето во ПроКредит банка е Надзорниот одбор кој се состои од 5 члена:
Со секојдневното работење на банката раководи Управниот одбор кој се состои од 3 члена:
Исто така, Управниот одбор го организира и контролира работењето на поголем број организациски единици:
Мрежа на експозитуриПорКредит банка има 35 свој експозитури во 13 градови ширум Македонија: Гостивар, Тетово, Скопје, Куманово, Кочани, Штип, Велес, Прилеп, Струмица, Кавадарци, Струга, Охрид и Битола.[7] Финансиски показателиВрз основа на ревидираните финансиски извештаи, подготвени во согласност со Методологијата пропишана од Народната банка на Република Македонија, во текот на 2012 година, ПроКредит банка ги остварил следниве финансиски резултати од работењето:[8]
Надворешни врски
Извори
|
Portal di Ensiklopedia Dunia