Кушница (грчки: Δήμος Παγγαιου, Димос Пангеу) — општина во Кавалскиот округ на Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Административен центар е градот Правишта (Елевтеруполи). Опфаќа 33 населени места на јужните падини на планината Кушница (Пангео), по која е наречена. Подрачјето на општината приближно се совпаѓа со она што традиционално се смета за „Правишко“.
Населени места
Општината Кушница е создадена на 1 јануари 2011 г. по законот „Каликратис“[1] со спојување на пет стари општини: Правишта (Елевтеруполи), Левтера (Елевтерес), Кушница (Пангео), Орфан (Орфани) и Пиери (Пиерес).[2]
Општинска единица Правишта
Поранешната општина Правишта на картата на некогашниот округ Кавала.
Општинската единица Правишта (ΔήμοςЖ Ελευθερουπόλεως) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
На територијата на општинската единица се наоѓало и напуштеното село Кочан.
Општинска единица Кушница
Поранешната општина Кушница на картата на некогашниот округ Кавала.
Општинската единица Кушница со седиште во село Никишјан (Никисијани) ги опфаќа следниве општински оддели и наслени места на североисточните падини на планината Кушница:
Општински оддел Никишјан
село Никишјан (или Никиштан, Никишен; Νικήσιανη, Никисјани)