Псачки манастир
Псачки манастир — средновековен македонски православен христијански манастир кој се наоѓа во селото Псача во областа Славиште. Сместен е на искачување над селото Псача во шума, од каде се пружа поглед на целото Славишко Поле. ЦрквиИсториските податоци се оскудни, но се смета дека е изградена во 1354 година. Црквата, како и нејзиниот ктитор властелинот Влатко со неговиот татко кнезот Пасхач се спомнуваат во една повелба издадена на 25 март 1358 година со која им било одобрено црквата да ја приложат на светогорскиот манастир Хиландар[1]. Врз основа на оваа повелба како зачуваните портрети на фрескоживописот на јужниот ѕид во црквата може да се заклучи дека севастократорот Влатко и неговиот татко кнезот Паскач се ктитори на црквата. Најверојатно, од името на кнезот Пасхач потекнува и името на селото Псача. Над западната влезна врата во црквата некогаш постоел натпис за кој се претпоставува дека бил уништен во 1876 година поради тоа што во него се спомнувале кралевите Урош и Волкашин[2]. Портретите на овие владетели се претставени на северниот ѕид, но натписите што се наоѓале до нив исто така биле уништени[2]. Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia