Црква „Св. Никола“ - Псача
Црква „Св. Никола“ - Псача — средновековна македонска православна манастирска црква на Псачкиот манастир, којшто се наоѓа во селото Псача во околината на Крива Паланка. МестоположбаНа 3 километри од магистралниот пат што води од Куманово до Крива Паланка, високо над самото село Псача, во живописната дабова и багремова шума на подножјето на Осогово сместена е црквата посветена на Свети Никола Чудотворец. До црквата води афалтиран пат, кој се одвојува десно од магистралниот пат веднаш после мостот на Крива Река на влезот на селото Псача. Пред манастирот има убава ливада со неколку доста стари дабови дрвја од каде што се пружа прекрасна панорамска глетка на котлината и полето Славиште. Во дворот на самата црква се наоѓаат стари селски гробишта. Историја![]() Историските податоци се оскудни, но се смета дека е изградена во 1354 година. Црквата, како и нејзиниот ктитор властелинот Влатко со неговиот татко кнезот Пасхач се спомнуваат во една повелба издадена на 25 март 1358 година со која им било одобрено црквата да ја приложат на светогорскиот манастир Хиландар[1]. Врз основа на оваа повелба како зачуваните портрети на фрескоживописот на јужниот ѕид во црквата може да се заклучи дека севастократорот Влатко и неговиот татко кнезот Паскач се ктитори на црквата. Најверојатно, од името на кнезот Пасхач потекнува и името на селото Псача. Над западната влезна врата во црквата некогаш постоел натпис за кој се претпоставува дека бил уништен во 1876 година поради тоа што во него се спомнувале кралевите Урош и Волкашин[2]. Портретите на овие владетели се претставени на северниот ѕид, но натписите што се наоѓале до нив исто така биле уништени[2]. ГрадбаЦрквата е ѕидана од приделкани блокови, камен песочник и хоризонтални редови тули[1]. Во основата има облик на впишан крст во правоаголен простор[1]. Над централниот дел на наосот имало купола, којашто подоцна се урнала[1]. Куполата изградена над просторот на припратата е зачувана и таа лежи врз квадратна основа, којашто се опира на два кадратни столба и надва ѕидни пиластра[1]. Олтарната апсида од надворешната страна е тристрана[1]. Сите фасади се богато профилирани и украсени со шари изведени во керамопластика[1]. Живопис![]() Во внатрешноста на црквата е зачуван фрескоживопис со високи ликовни вредности.[1]. Имињата на зографите не се познати, но насликаните портрети на семејството на ктиторите третирани со голема доза на реалност покажуваат дека непознатиот зограф спаѓал во редот на талентираните и реномирани творци[1]. Колоритот со овонредни нијанси на сино, бело и црвено ја покажува големата умешност и знаење на непознатиот псачки зограф[1]. Покрај крупниот портрет на семејството на ктиторот на кој се прикажани кнезот Пасхач, кнегината Озра, севастократорот Влатко, неговата сопруга Владислава и синот Стефан, зачувани се и неколку значајни композиции меѓу кои Успението на Пресвета Богородица, сцени од животот на Свети Никола, Богородица со Христа и други[1]. Галерија
НаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia