Франческо Боромини
Франческо Кастели[1], попознат како Франческо Боромини (италијански: Francesco Borromini; Бисоне, 25 септември 1599 - Рим, 2 август 1667) — истакнат италијански архитект. Заедно со неговите современици Џан Лоренцо Бернини и Пјетро да Кортона бил предводник на барокната арихитектура во Рим. Како поклоник на архитектурата на Микеланџело и остатоците од антиката, Боромини развил инвентивна, поинаква и донекаде идиосинкратичка архитектира, која вклучувала употреба на класични форми, геометриски правила и симболични значења во неговите дела. Работел во Рим, каде што се наоѓаат речиси сите негови дела, а и бил современик и соперник на Џан Лоренцо Бернини. Бил вклучен во изградбата на Базиликата „Св. Петар“, како и на дворецот Барберини. Негово најпознато дело е црквата Сан Карло але Кватро Фонтане, расположена на ридот Квиринал. Бидејќи е роден во денешна Швајцарија, неговиот лик бил овековечен на банкнотите од 100 швајцарски франци во 1980-тите. ЖивотописBоромини се родил во Бисоне[2], во близина на Лугано во областа Тичино. Бил снн на каменорезец, а и самиот започнал да го изучува занаетот. Во младоста се преселил во Милано, каде што се запишал во тамошното занаетчиско училиште и се стекнал со соодветното образование. Во 1619 година, откако го завршил образованието, се преселил во Рим. Таму го сменил презимето од „Кастели“ во „Боромини“, коешто потекнува од семејството на мајка му и најверојатно во чест на Карло Боромејски.[3] Во Рим се вклучил во изградбата на Базиликата Свети Петар, која била предводена од страна на неговиот роднина, Карло Мадерно. Во ова време, забрзано ја изучувал антиката и делата на Микеланџело. Со Мадерно работел и на изградбата на дворецот Барберини, но откако овој починал во 1629 година, изградбата ја презел Џан Лоренцо Бернини, кој подоцна ја добил и службата на архитект на Базиликата Свети Петар. Боромини работел како негов помошник, но по неколку години се скарале и разделиле, по што започнало долгогодишното соперништво меѓу двајцата. ![]() Во времето на папата Инокентиј X, Боромини бил заштитуван како негов штитеник, при што во тој период успеал да го истисен лутиот соперник Бернини од позицијата на водечки римски архитект. Сепак, уште за време на владеењето на следниот папа, Александар VIII, ја загубил стекнатата позиција и му биле доверувани само мал број на нови проекти. Со тоа, ѕвездата на Бернини светнала во полн сјај, а Боромини се посветил на изградбата и доградбата на претходно започнатите градби, како на пример внатрешноста на црквите Сант'Иво ала Сапиенца, Санта Андреа деле Фрате и Сан Џовани ин Латерано во Рим. Освен овие, го довршил и долниот дел од фасадата на неговото најпознато дело, малата црква Сан Карло але Кватро Фонтане, расположена на ридот Квиринал. Летото 1667 година, Боромини се чувствувал болен и паднал во депресија, што придонело на 2 август истата година во Рим да изврши самоубиство. Погребан е во гробот на Карло Мадерно во главната капела на црквата Сан Џовани деи Фјорентини.[4] Во својот тестамент запишал дека не сака на неговиот гроб да се споменува некое име и ја изразил својата желба да биде погребан во семејната гробница на Карло Мадерно. Сепак, во изминатите години била додадена мермерна плоча под гробницата на Мадерно, а спомен-плоча била поставена и на еден од столбовите од црквата. Дела![]() Додека изразните форми на Бернини го следеле класичниот кантон и овој можел да го следи примерот на Микеланџело, Боромини се мачел низ поединечното толкување на класичните архитектонски форми да создаде нови содржини. Работел со пластични, органски обликувани и често белобојни внатрешни простори и вдлабнати заоблени фасади. Неговите самоволни откритија му стекнале углед да гради „екстравагантно“, „бизарно“ и „готски“. Пример кој сведочи за ова е внатрешниот двор на дворецот Спада во Рим. Изграден е од мали столбови вметнати наназад, кои оставаат впечаток за продлабоченост којашто всушност не постои во толку изразета мера, како и дека фигурата на крајот од тунелот изгледа поголема отколку што навистина е. И во текот на подоцнежните години, Боромини заостанувал во однос на Бернини. За единствен свој наследник го прогласил Гварино Гварини. Во 18. век, во времето на доцниот барок, неговиот декоративен стил бил применуван во доста значајни градби од тој период и распространет на повеќе места. Таков пример е црквата Санта Марија Маделена во Рим, изградена во 1735 година од страна на Џузепе Сарди. Најголем дел од нацртите на делата на Боромини, денес се наоѓаат во музејот Албертина во Виена. ПаметнициСо оглед на фактот дека Боромини се родил во денешна Швајцарија, во 1980-тите бил овековечен со тоа што неговиот лик бил прикажан на банкнотите од 100 швајцарски франци.[5] По повод одбележувањето на 400 години од неговото раѓање, под водство на Марио Бота бил изработен дрвен модел со висина од 33 m, чијашто вистинска големина би претставувала исечок од црквата Сан Карло але Кватро Фонтане. Список на дела![]()
Наводи
Користена литература
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia