Работничка партија
Работничката партија (РП) е поранешна левичарска политичка партија во Македонија.[1] Била основана на 24 јуни 1990 година. Нејзин претседател бил Крсте Јанковски. На парламентарните избори во 1990 година РП добила 31.591 гласа (2,9%), но не освоила пратеничко место. На парламентарните избори во 1994 година РП добила 15.416 гласови (1,6%), а на локалните избори во 1996 година - 10.831 (1,4%) и шест советнички места. На парламентарните избори во 1998 РП учестувувала со листа од 35 кандидати на чело со Ѓуро Кешкец, при што освоила 1.528 гласови (0,14%). По изборите нејзината активност полека стагнирала, за по локалните избори во 2000 година, на кои настапила во коалиција со Комунистичката партија на Македонија целосно ги прекинува своите активности. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia